Црква „Св. Илија“ - Таор
Свети Илија — македонски православен храм во скопското село Таор. Храмот се наоѓа на крајниот северен дел на селото на височинка која доминира над Скопското Поле и крај патот кој води кон археолошкото наоѓалиште Тауресиум. Изградбата на црквата е во завршна фаза, а стилот е средновековно-византиски, сличен на многуте средновековни цркви во Македонија (налик на Св. Јован Богослов - Канео во Охрид). Црквата ја гради позната тајфа неимари од Пустец, Албанија според проект идентичен со црквата „Свети Петар и Павле“ во ресенско Подмочани. Ктитор на верскиот храм е Борче Гиевски, градоначалникот на општина Зелениково во периодот од 2004 до 2009 година како и повеќе други дарители.[1]
Свети Илија
| |
Црквата „Свети Илија“ во селото Таор | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Архијерејско намесништво | Скопско |
Местоположба | |
---|---|
Место | Таор |
Општина | Зелениково |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Изградба | во тек |
Ктитор | Борче Гиевски |
Архитектонски опис |
Околу црквата се пронајдени споменици од римско време кои и денес стојат на тоа место.[2]
Галерија
уреди-
Поглед кон црквата од североисточната страна
-
Поглед на црквата Свети Илија од север
-
Поглед на дел од селото Таор со црквата Свети Илија
Наводи
уреди- ↑ Арсоска, Елизабета (28 јули 2008). „Таор ќе добие свој Плаошник“. Вечер. Посетено на 2011-03-26.[мртва врска]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 388. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Таор на Ризницата ?