Црква „Св. Илија“ - Грнчари
Св. Илија — средновековна црква и манастир во ресенското село Грнчари. Му припаѓа на Ресенското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Ресенско |
Парохија | Подмочанско-љубојнска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°0′41.7″N 21°4′51.8″E / 41.011583° СГШ; 21.081056° ИГД |
Место | Грнчари |
Општина | Ресен |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Пророк Илија |
Изградба | XIII век |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Црквата „Св. Илија“ е сместена на 3 км југоисточно од селото и има улога на главен храм на Грнчарскиот манастир. Се претпоставува дека првично го носела името „Св. Никола“. Претставува мала еднокорабна градба, изградена од камен и тули и засводена со полукружен свод. На исток завршува со тристрана апсида однадвор.[2][3] Покривната конструкција е калканска, а единствениот влез е од запад. Меѓу камените партии има хоризонтални и вертикални редови од тули.[2]
Со времето направени се редица архитектонски промени врз градбата.[2] Од северната и јужната страна се поставени потпорки (контрафосрси).[4]
Во внатрешноста на црквата има живопис од два периода. Постариот е изработен во времето на изградба на храмот, што се смета дека е во првата половина на XIII век. Од него е зачуван фрагмент од композицијата „Успение Богородичино“ и од композицијата „Преображение Христово“. Втората фаза на зографисување е изработена при обновувањето на црквата. На натпис во композицијата „Дејсис“ се спомнуваат попот Димитар и син му Рајко како обновувачи на црквата „Св. Никола“. Зад иконостасот на јужниот ѕид е претставен св. Ахил, чиј култ е својствен за Преспа.[3][5][6]
Манастир
уредиОсвен црквата, манастирскиот комплекс вклучува нови конаци, манастирска трпезарија, фурна, камбанарија и чешма со лековита вода.[2]
Слики
уреди-
Иконостасот во црквата
-
Фрагмент од средновековните фрески
-
Конаците
-
Камбанаријата
-
Икони на ѕид, изработени во разни техники
-
Чешма подарена од мештанин
-
Чешма подарена од прекуокеански преселници од Грнчари
-
Чешмата со лековита вода
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Палигора, Ристо. Каталог Цркви и Манастири на Баба Планина. Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 19. Архивирано од изворникот на 2015-07-03. Посетено на 2 јули 2015.
- ↑ 3,0 3,1 „Св. Илија, с. Грнчари, Преспа“. Macedonium. Посетено на 5 април 2014.
- ↑ Палигора, Ристо. Каталог Цркви и Манастири на Баба Планина. Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 20. Архивирано од изворникот на 2015-07-03. Посетено на 2 јули 2015.
- ↑ Велев, Илија (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша Книга. стр. 90.
- ↑ Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 26. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-12-27.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Грнчари на Ризницата ?