Црква „Св. Димитриј“ - Сачишта
Свети Димитриј (грчки: Αγίου Δημητρίου) — црква во градот Сачишта, Населичко, Егејска Македонија, главна катедрала на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3] Старата црква на ова место ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.
Свети Димитриј | |
---|---|
Αγίου Δημητρίου | |
Поглед на црквата | |
40°15′37″N 21°33′3″E / 40.26028° СГШ; 21.55083° ИГД | |
Место | Сачишта, Населичко |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Изградба | 1912 – 1928 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Сачишко |
Епархија | Шишанско-сачишка |
Историја
уредиСпоред писмените податоци, црквата е изградена во 1647 г. и била со мали димензии. Подоцна во XVII век се јавила потреба од поголем храм, кога Сачишта почнал да се развива како трговски центар и кога архиепископот Зосим II Охридски ја преместил катедралата од Шишани во родното Сачишта. Затоа, во 1801 г. црквата е срушена и на нејзино место со дозвола од Али-паша е подигнат нов храм со убава резба и живопис. Во 1856 г. до нея жупанскиот мајстор Апостолис ја изградил грандиозната камбанарија, висока 25 м. На 13 јули 1910 г. црквата е уништена во голем пожар. Веќе следниот ден епископот Јеротеј Антулидис презел чекори за изградба на нов храм. На 2 јуни 1912 г. е издаден соодветниот султански ферман.[1][3] Црквата е обновена од познатиот архитект Аристотелис Захос како крстокуполна базилика со квадратна кула место купола во пресечната точка на наосот и трансептот. Важела за едно од неговите најдобри дела, вдахновено од ранохристијанската и романтичната ломбардска архитектура.[1][3] Заедно со „Св. Атанасиј Христијануполски“ во Гортина (1910 - 1911), се смета за почеток на реформата во духовното градителство. Камен-темелникот е поставен на 5 август 1912 г., но работата запрела поради избувнувањето на Првата балканска војна во октомври. Градежните работи продолжиле пролетта 1913 г. кога Сачишта веќе бил заземен од Грција. Захос мајсторски успеал да ја вклопи старата камбанарија во новиот храм. Во внатрешноста се обновени и преживеаните делови од стариот иконостас од 1778 г., потпишани од мајстор Маноли, автор и на иконостасот во сачишката црква „Св. Илија“. Иконостасните икони се од 1917 година, дело на светогорската работилница на Христодулос Матеу, направени на трошок на митрополитот Партениј Валовишки од Сачишта. Владичкиот престол и двата проскинитара се резбани и веројатно се пренесени од „Св. Илија“ и „Св. Ѓорѓи“. Амвонот е исклчително добро изработен, дело на сачиштаните Павлос Тахминѕис и син му Димитриос. Црквата е свечено отворена на 9 септември 1928 г. Во 1935 г. е изграден параклисот „Пресв. Богородица“, повторно по проект на Захос. Во 1955 година архитектот Георгиос Номикос ја заменил квадратната кула во средината на храмот со осумаголна купола. Во 2012 г. во црквата ја одбележала нејзината стогодишнина во присуство на патријархот Вартоломеј I и архиепископот Јероним Грчки.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Ιερός Ναός“. Άγιος Δημήτριος Σιάτιστας. Архивирано од изворникот на 2014-05-23. Посетено на 3 мај 2014.
- ↑ „Άγιος Δημήτριος – Σιάτιστα“. Θρησκευτικός Τουρισμός. Архивирано од изворникот на 2014-12-31. Посетено на 31 декември 2014.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Ιερός Ναός προς τιμήν του Αγίου Μεγαλομάρτυρος Δημητρίου“. Siatista.gr. Архивирано од изворникот на 2016-09-23. Посетено на 23 септември 2016.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Димитриј“ - Сачишта на Ризницата ?