Црква „Св. Димитриј“ - Куманичево (Костурско)

црква во Куманичево, Костурско

Свети Димитриј (грчки: Αγίου Δημητρίου) — црква во селото Куманичево, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Свети Димитриј
Αγίου Δημητρίου
Фреска на пророкот Варух
Карта
40°30′58″N 21°24′37″E / 40.51611° СГШ; 21.41028° ИГД / 40.51611; 21.41028
МестоКуманичево, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Изградба1783
Управа
Архијерејско намесништвоГоренско
ЕпархијаКостурска
Иконите „Јесеевиот корен и Јесеевата фиданка“ и „Јесеевиот корен“ од иконостасот, XIX век

Храмот е изграден во 1783 г.[2] Претставува еднокорабен поствизантиски храм со дрвена покривна конструкција, припрата и живопис од 1783 г.[1] На западниот ѕид од двете страни на вратата се претставени архангелите Михаил и Гаврил. Има икони од XVIII и XIX век.[2]

Во 1996 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/26378/758/12-7-1996 - ΦΕΚ 756/Β/27-8-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-18. Посетено на 27 декември 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Λιθιά (Άγιος Δημήτριος 1783)“. Smartculture. Архивирано од изворникот на 2018-07-08. Посетено на 24 мај 2018.

Надворешни врски

уреди