Црква „Св. Димитриј“ - Катраница

црква во Катраница, Кајларско

Свети Димитриј (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου) — црква во селото Катраница, Кајларско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Димитриј
Αγίου Δημητρίου
Карта
40°39′56.2″N 21°50′30.2″E / 40.665611° СГШ; 21.841722° ИГД / 40.665611; 21.841722
МестоКатраница, Кајларско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типбазилика
Изградба1726
Управа
Архијерејско намесништвоКајларско
ЕпархијаЛеринско-преспанско-еордејска

Црквата е изградена во 17251726 г., по изгрдабата на другат аголема црква во селото — „Св. Петка“ и прогласена за катедрала на Мегленската епископија. Според преданието, во „Св. Димитриј“ во турско време работело тајно училиште.[2] Црквата има вреден фрески од времето на нејзината изградба кои пострадале од германските единици за време на Втората светска војна, а подоцна и од ептропите на црквата кои ги малтерисале, за црквата да биде одново живописана.[1] Во храмот има зачуван резбан иконостас и вреден амвон.[2]

Слики

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „архивски примерок“. Το περιπλανόμενο τουατάρα. Архивирано од изворникот на 2014-12-30. Посетено на 29 декември 2014. Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help)
  2. 2,0 2,1 „Διαδρομή 4. Απόδραση στα βουνά του βορρά. Κοζάνη – Πτολεμαΐδα – Πύργοι – Εμπόριο – Βλάστη“. Περιφερειακή Ενότητα Κοζάνης. Архивирано од изворникот на 2014-12-29. Посетено на 29 декември 2014.

Надворешни врски

уреди