Црква „Св. Димитриј“ - Зрново
Свети Димитриј (грчки: Ιερός Μητροπολιτικός Ναός Αγίου Δημητρίου Νευροκοπίου) — црква во гратчето Зрново, Драмско, Егејска Македонија. Претставува митрополски храм на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]
Свети Димитриј | |
---|---|
Αγίου Δημητρίου | |
Црквата од запад | |
41°20′36″N 23°52′11″E / 41.34333° СГШ; 23.86972° ИГД | |
Место | Зрново, Драмско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1866 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Зрновско |
Епархија | Зихненско-неврокопска |
Црквата е изградена во 1866 г. според натписот на јужниот ѕид. За годината сведочи соопштение од митрополитот Никодим Неврокопски од 1902 г.[3] Не се споменува кога храмот е живописан. Градбата претставува трикорабна базилика со трансепт и купола, оградена од југ, запад и север со затворен трем и тројна апсида на исток.[2][3] Црквата има големина од 30 × 21 м.[3] Има монументална камбанарија на три ката, изградена во средиштето на западната страна.[2][3] Горниот кат е женска црква, со пристап од внатре. Женската црква на југ и на север завршува со параклиси посветени на Св. Константин и Елена и Успението Богородично.[3][3] Голем дел од фреските во црквата се уништени и премачкани. Резбаниот иконостас, иконите, владичкиот прстол и два резбани проскинитара се од XIX век. Иконите се од 1874 г.; некои од нив се од мајсторот Ѓорѓи од Неврокоп.[1][3] Во северниот дел на комплексот е зачувано старото училиште кое, според натписот е изградено во 1863 г.[3] Во припратата стои живописната сцена „Страшниот суд“, насликана во 1871 г. од галичкиот мајстор Јаков Мауровски.[4]
-
Фрески о црквата со премачкани македонски натписи
-
Црквата од север
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ιερός Μητροπολιτικός Ναός Αγ. Γεωργίου Ζιχνών“. Corect. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 16 октомври 2014.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Βυζαντινά Μνημεία“. Δήμος Νευροκοπίου. Посетено на 14 ноември 2014.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 16 ноември 2014.
- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 226.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Димитриј“ - Зрново на Ризницата ?