Црква „Св. Димитриј“ - Елес

црква во Елес, Драмско

Свети Димитриј (грчки: Αγίου Δημητρίου Οχυρού) — црква во селото Елес, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.

Свети Димитриј
Αγίου Δημητρίου
Карта
41°18′26″N 23°50′58″E / 41.30722° СГШ; 23.84944° ИГД / 41.30722; 23.84944
МестоЛисе, Драмско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1882
Управа
ЕпархијаЗихненско-неврокопска

Црквата е изградена во 1882 г. според натписот над јужниот влез,[1] во македонското маало во северниот дел на селото.[2] Претставува трикорабна базилика[3] со женска црква.[1] Според Георги Стрезов, црквата е подигната со ферман од Бугарската егзархија, но подоцна прешла во рацете на Патријаршијата.[4] Во 1909 г. станала егзархиска заедно со целото село. Во отчет до митрополитот Иларион Неврокопски од 1909 г. се вели:

Црквата „Св. Димитар“ е градена пред 1882 г. Градбата не е многу солидно направена од дрвен материјал. Има потреба од крупни поправки. Училиштето е здраво.[5]

Сè до изградбата на „Св. Троица“ во 1972 г. црквата била главен храм на селото.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 16 ноември 2014.
  2. 2,0 2,1 „Οχυρό Δράμας“. Πόντος έν', άστρον φωτεινόν. Посетено на 14 ноември 2014.
  3. „Αγ. Δημήτριος Οχυρού“. Corect. Архивирано од изворникот на 2014-11-27. Посетено на 14 ноември 2014.
  4. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 8.
  5. Рапорт за положението и въвеждането на учебното дело през първото полугодие на 1908 - 1909 г. в Неврокопска каза – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт со музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. 1998. стр. 81.