Црква „Св. Благовештение“ - Негуш
Свето Благовештение (грчки: Ιερός Ναός Ευαγγελισμού της Θεοτόκου — црква во градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Претставува еден од парохиските храмови во Негуш.[1]
Свето Благовештение | |
---|---|
Ευαγγελισμού της Θεοτόκου | |
40°37′31.9″N 22°4′1.8″E / 40.625528° СГШ; 22.067167° ИГД | |
Место | Негуш |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Изградба | 1991 – 1994 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Негушко |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Црквата се наоѓа јужно од реката Арапица, до VI основно училиште. Градена е во 1991 – 1994 г. на местото на помал параклис со гробишта. Плант го изготвил инженерот Марија Куцупија, а средствата за иградба се од прилози на верниците.[1]
Градбата претставува трикорабна базилика без купола, со површина од 350 м2. Живописувањето започнало во 1996 г. од рацете на зографот К. Врузос, исто така финансирано од доброволни прилози. На фреските преовладува сината боја со златна позадина. Во конхата на апсидата е насликана Пресвета Богородица Поширока од небесата, а под неа е Благовештението.[1]
Во 2002 г. чинарот крај храмот е прогласен за заштитен споменик.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Κύρου, Νίκος, Ολυμπία Τσίτση (Επιμέλεια) (2005). Οι εκκλησίες της Νάουσας. Πρόγραμμα Περιβαλλοντικής Εκπαίδευσης Σχ. έτους 1999 – 2000 (PDF). Νάουσα: 3ο Γυμνάσιο Νάουσας. стр. 23. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15.
- ↑ „ΥΑ 1221/29-4-2002 - ΦΕΚ 428/Δ/24-5-2002“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-01. Посетено на 8 јули 2018.