Црква „Св. Атанасиј Бессребренички“
Свети Атанасиј Бессребренички (грчки: Αγίου Αθανασίου) — црква во градот Костур, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Св. Атанасиј Бессребренички | |
---|---|
Αγίου Αθανασίου | |
Поглед на црквата | |
40°31′12″N 21°16′6″E / 40.52000° СГШ; 21.26833° ИГД | |
Место | Костур, Костурско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | еднокорабна базилика |
Завршена | XIX век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Костурско |
Епархија | Костурска |
Местоположба
уредиЦрквата е дел од Бессребреничката парохија.[1] Сместена е на сртот на Костурскиот рид, во близина на црквата „Пресвета Богородица Бессребреничка“ и Костурскиот византиски музеј.
Историја
уредиСпоред ктиторскиот натпис над влезот одвнатре, црквата е живописана во 1844 г. од зографот Аргир Михајлов од селото Чука.[2] Храмот е посветен на Атанасиј Велики и Кирил Александриски.
Во 1991 г. црквата е прогласена за заштитен споменик.[2]
Архитектура
уредиВо архитектонски опис црквата претставува еднокорабна базилика со дрвен кров и припрата на северната страна. Градбата е стабилна, изградена од камени и керамични плочки.[1] Има богато живописана внатрешност.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Δόικος, Νίκος & Γιάννης Σίσιου & Δημήτριος Τσουρτσούλας (1995). Καστοριανά Μνημεία: Μακεδονική Κληρονομιά. Χρωμογραφή. стр. 171.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/13306/238/16-4-1991 - ΦΕΚ 812/Β/3-10-1991“ (грчки). Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2023-09-06.