Црква „Св. Атанасиј“ - Црна Река

црква во Црна Река, Гевгелиско, Егејска Македонија

Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — црква во селото Црна Река, Гуменџиско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Атанасиј
Αγίου Αθανασίου
Икона на Свети Атанасиј во црквата
Карта
40°58′52″N 22°25′24″E / 40.98111° СГШ; 22.42333° ИГД / 40.98111; 22.42333
МестоЦрна Река, Гуменџиско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXIX век
Управа
ЕпархијаГуменџиско-бојмичко-ругуновска

Црквата е изградена во 1802 г.[2] или во средината на XIX век и има улога на гробишен и парохиски храм. Сместена е во јужниот дел на селото и претставува трикорабна базилика со внатрешни димензии од размери 8,2 × 15,7 м. На исток се издава само нишата на апсидата. Трите кораба на црквата се поделени со пет пара столбови, од кои последниот пар е ад иконостасот. Нартексот, кој првобитно постоел на запад, денес не е зачуван, а тремот со колонади на запад и југ не е дел од првичната градба. Иконостасот е дрвен и резбан. Резбани и насликани се и владичкиот престол и амвонот.[1] Во храмот има икони од зографот Димитар Вангелов од Петрово.[3]

По Младотурската револуција во 1909 г. жителите на селото ја испратиле следнава телеграма до Отоманскиот парламент:

Нашата селска црква и училиштето се предадени од властите на 40 куќи потчинети на Патријаршијата, а ние, кои броиме 80 куќи, немаме каде да ги вршиме верски обредии децата ни се лишени од секакво воспитание. Најусрдно ве молиме да благоволите и да донесете решение по ова прашање во најблагопријатна смисла.[4]

Во 1991 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1][5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „5. Ιερός ναός Αγίου Αθανασίου Κάρπης“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Посетено на 24 јуни 2014.[мртва врска]
  2. „Κάρπη - Ιερός Ναός Αγ.Αθανασιου“. Enjoy Kilkis. Архивирано од изворникот на 2022-05-15. Посетено на 14 март 2018.
  3. „Ταξιδεύοντας με τους ζωγράφους“ (PDF). Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Εφορεία Αρχαιοτήτων Κιλκίς. Посетено на 23 јуни 2018.
  4. Македония. Сборник от документи и материали, Издателство на БАН, София, 1978, стр. 537 - 538.
  5. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ30/6463/127/11-3-1991 - ΦΕΚ 761/Β/20-9-1991“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-11. Посетено на 22 октомври 2014.

Надворешни врски

уреди