Црква „Св. Атанасиј“ - Сараќино
Свети Атанасиј — црква во тетовското село Сараќино. Црквата е градена во поново време. Карактеристично за оваа црква е тоа што фреските кои се дело на Зоран Бошковски, се ретко застапени во православните храмови низ Македонија. Некои од нив се посветени на Свети Јован Шангајски, Свети Нектариј Битолски, Свети Јован Кронштатски и Свети Јован Кукузел.[1] Црквата е осветена во 2005 година и спаѓа во Третата тетовска парохија. Црквата е изградена на темели на стар христијански објект граден во времето на населувањето на Сараќино во 14 век. Ктитори на објектот биле семејствата Кузмановски и Савевски од Сараќино.[2] Иконостасот е дело на тетовскиот резбар Будимир Апостолски.[3]
Свети Атанасиј
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Тетовско |
Парохија | Трета тетовска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Сараќино |
Општина | Тетово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Атанасиј Александриски |
Осветување | 2005 |
Ктитор | семејствата Савевски и Кузмановски од Сараќино |
Зограф | Зоран Бошковски |
Архитектонски опис |
Наводи
уреди- ↑ „ВО ТЕТОВСКОТО СЕЛО САРАЌИНО Осветена нова црква“. Време. 27 јули 2005. Посетено на 2010-04-27.[мртва врска]
- ↑ „На старите темели изградена ново светилиште -Осветена нова црква во Сараќино“. Утрински Весник. Посетено на 2011-01-16.[мртва врска]
- ↑ „Резбите на Будимир Апостолски го освојуваат светот“. Утрински Весник. Посетено на 2011-01-16.[мртва врска]
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |