Црква „Св. Архангели“ - Солун

црква во Солун

Свети Архангели (грчки: Ιερός Ναός Ταξιαρχών) — средновековна црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Архангели
Ταξιαρχών
Поглед од исток
Карта
40°38′23.3″N 22°57′16.9″E / 40.639806° СГШ; 22.954694° ИГД / 40.639806; 22.954694
МестоСолун
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
ЗавршенаXIV век
Управа
ЕпархијаСолунска

Црквата е сместена во североисточниот дел на Горниот Град, на улица „Теотокопулос“, пред раскрсницата со „Акрополи“. Храмот е подигнат во втората половина на XIV век. Градбата има средиштен кораб со дрвен таван. Од север, запад и југ е оградена со трем со едноводен покрив, завршувајќи на исток со два квадратни параклиса. Фасадите се украсени со слепи лакови, камени столбови и назабени ленти. Под црквата има крипта со галерии, по чии ѕидови има отвори (веројатно монашки), што наведува на тао дека храмот бил црква на непознат византиски манастир. Од првобитниот живопис од втората половина на XIV век се сочувани само две фрески — „Вознесение Христово“ и „Педесетница“, соодветно на источниот и западниот фронтон.[1]

Со османлиското заземање на Солун во 1430 г. храмот е претворен во џамија. Новоизграденото минаре било со два балкона и поради тоа била нарчена Ики Шерифе (İki Şerife, Две шерефиња).[2] Откако градот потпаднал под грчка влас во 1912 г. храмот повторно станал црква и дограден му е тесен затворен нартекс на запад, а од југ добил нов кораб.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Ταξιάρχες“. Thessaloniki 4 all. Архивирано од изворникот на 2022-07-18. Посетено на 5 јули 2016. Text "Your Thessaloniki" ignored (help)
  2. Papagiannopoulos, Apostolos. Monuments of Thessaloniki, Rekos ltd., 2015, p.95

Надворешни врски

уреди