Црква „Св. Ана“ - Олевени
Света Ана — селска црква во битолското село Олевени, Македонија.[1]
Света Ана
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Бистричка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°57′47″N 21°20′58″E / 40.96306° СГШ; 21.34944° ИГД |
Место | Олевени |
Општина | Битола |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Ана |
Изградба | 1936 |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа западно од денешното село, на повисок терен во планината,[2] до кој се стигнува преку земјен пат, кој започнува од сретселото во денешното село Олевени.
Историја
уредиЦрквата заедно со уште три други храма постоеле на местото на некогашното старо село Олевени, а била обновена заедно со останатите во 1936 година.[2]
Архитектура
уредиВо самиот храм има вградено плоча со старогрчки натпис од 13 реда, кој потекнува од IV век пред н.е.[3] Плочата е вградена лево од западниот влез во црквата, а внатре во нејзе во близина на јужниот ѕид се наоѓа и еден ранохристијански мермерен елемент. Според кажувањата на мештаните од Олевени, на местото на оваа црква се наоѓала и една мермерна скулптура, која градителите ја поставиле на постамент од цигли, прилепен до јужниот ѕид во внатрешниот дел на црквата, но набрзо потоа, некој ја украл.[4]
За плочата се верува дека е споменик подигнат во чест на победата на кралот Филип V против ограбувачите Дарданци. Иако во голема мера редовите не се читливи, епиграфичарите успеале да идентификуваат и запишат неколку редови, а доказ дека се работи за споменик во чест на победата над Дарданците се забележува во последните три реда, каде слободено преведено пишува „Царот Филип за победата над Дарданците“.[4]
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Натписна плоча
-
Влезот
-
Западната страна
-
Апсидата
-
Страничен поглед
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 210. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 38. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ 4,0 4,1 „СПОМЕНИК СО НАТПИС ВО ЧЕСТ НА МАКЕДОНСКИОТ КРАЛ ФИЛИП V КАЈ СЕЛОТО ОЛЕВЕНИ, БИТОЛСКО“. 2021-12-30. Посетено на 2024-09-29.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ана“ - Олевени на Ризницата ?