Црква „Св. Ана“ - Бер (XV век)

црква од XV век во Бер, Егејска Македонија

Света Ана (грчки: Αγία Άννα) — доцносредновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е дел од парохијата на „Св. Јован Милостив“.[2]

Света Ана
Αγία Άννα
Поглед на црквата
Карта
40°31′26″N 22°12′15″E / 40.52389° СГШ; 22.20417° ИГД / 40.52389; 22.20417
МестоБер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типдвокорабна базилика
ЗавршенаXV век
Управа
Архијерејско намесништвоБер
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска
„Света Ана со Богородица“, крај на XV век

Црквата е изградена во XV век врз урнатините на ранохристијанска базилика од VI век. Првично бил еднокорабен храм, но подоцна се направени значителни интервенции, претворајќи го во двокорабен. На западниот ѕид внатре е зачуван живопис од 1500 г., а живописот однадвор на истиот ѕид е од 1520 г. Живописот во жртвеникот и на јужниот ѕид е од крајот на XVI век.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Αγία Άννα“. Discover Veria. Посетено на 24 јули 2016.
  2. „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 23 јули 2016.