Црква „Св. Александар“ - Белица
црква во селото Белица
(Пренасочено од Црква „Св. Александар Римски“ - Белица)
Свети Александар — македонски православен христијански храм, гробјанска црква на кичевското село Белица.[1]
Свети Александар
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Струшко |
Парохија | Трета кичевска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Белица |
Општина | Кичево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Александар Римски |
Завршено | среден век |
Архитектонски опис |
Црквата е сместена во јужниот дел на селото, на рид, во обраснат шумовит предел. Црквата е многу стара и е изградена на темели на постар објект. Таа е една од ретките што се посветени на светиот маченик Александар Римски, кој маченички пострадал токму во Македонија. Во црквата е регистриран археолошки објект. Во 1912 година, при расчистувањето на просторот од источната страна на црквата бил откриен гроб во кој имало сребрени монети што биле однесени од тогашниот српски началник.[2] Според преданија, тука се смета дека се наоѓаат моштите на свететоц Александар. Во еден дел од црквичето има камен со латински натпис.[3]
Поврзано
уреди- Трета кичевска парохија
- Белица
- Св. Александрија - археолошко наоѓалиште во црквата;
- Црква „Св. Ѓорѓи“- селската соборна црква;
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Св. Александар од Белица, црква која крие мошти од Светец?
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |