Црква „Св. Александар“ - Белица

црква во селото Белица

Свети Александармакедонски православен христијански храм, гробјанска црква на кичевското село Белица.[1]

Свети Александар
македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Трета кичевска
Местоположба

Карта

Место Белица
Општина Кичево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Александар Римски
Завршено среден век
Архитектонски опис

Црквата е сместена во јужниот дел на селото, на рид, во обраснат шумовит предел. Црквата е многу стара и е изградена на темели на постар објект. Таа е една од ретките што се посветени на светиот маченик Александар Римски, кој маченички пострадал токму во Македонија. Во црквата е регистриран археолошки објект. Во 1912 година, при расчистувањето на просторот од источната страна на црквата бил откриен гроб во кој имало сребрени монети што биле однесени од тогашниот српски началник.[2] Според преданија, тука се смета дека се наоѓаат моштите на свететоц Александар. Во еден дел од црквичето има камен со латински натпис.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  3. Св. Александар од Белица, црква која крие мошти од Светец?