Црква „Св. Ѓорѓи Мал“ - Бер

црква во Бер, Егејска Македонија

Свети Ѓорѓи Мал или Блажен (грчки: Άγιος Γεώργιος ο Μικρός, Μακαριώτισσας) — доцносредновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е дел од парохијата на „Св. Јован Милостив“.[2]

Свети Ѓорѓи Мал
Άγιος Γεώργιος ο Μικρός
Поглед на црквата
Карта
40°31′20.74″N 22°12′22.49″E / 40.5224278° СГШ; 22.2062472° ИГД / 40.5224278; 22.2062472
МестоБер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXV век
Управа
Архијерејско намесништвоБер
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Црквата е подигната во XV век како еднокорабен храм. По низа промени правени сè до XVII век, градбата е претворена во трикорабна базилика со двоводен покрив. Првобитниот храм е вграден во олтарот и таму се зачувани вредни фрески на Богородица, Благовештението, Вознесението, Свети Ѓорѓи, Јован Златоуст, Свети Никола, Свети Поликарп, Свети Власиј, Свети Геронтиј и други. Во 1643 г. во северниот кораб на новоизградениот дел се досликани сцени од животот на Свети Ѓорѓи.[1]

Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Άγιος Γεώργιος ο «Μικρός» (Μακαριώτισσας)“. Discover Veria. Посетено на 28 јули 2016.
  2. „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 28 јуни 2016.
  3. „ΠΔ 3-11-1924 - ΦΕΚ 279/Α/6-11-1924“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 9 јули 2018.[мртва врска]