Црква „Св. Ѓорѓи“ - Хортач
Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Хортач, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Αγίου Γεωργίου | |
40°36′30″N 23°6′11″E / 40.60833° СГШ; 23.10306° ИГД | |
Место | Хортач, Солунско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Удрен темел | 1806 |
Завршена | 1837 |
Управа | |
Епархија | Неаполско-ставруполска |
Црквата почнала да се гради во 1806, а завршена е во 1837 г., што се гледа од натписот на неа. Претставува трикорабна базилика со трем наместо нартекс од западната страна и женска црква над главниот влез.[1]
Во црквата работеле зографи од Кулакиската школа. Маргаритис Ламбу ја насликал иконата „Преображение Христово“ во 1813 г.[2] Во 1840 г. Маргаритис повторно работел во Хортач со брат му Константин Ламбу. Во 1874 г. Константин повторно работел на црквата.[3] Најстарата икона во црквата е средновековната „Пресвета Богородица Патеводителка“ од времето на Палеолозите, пренесена заедно со други реликвии од соседниот Хортачки манастир. Има и малка збирка ракописи од ΧVI – XVII век. Интересна е збирката на печатени богослужбени книги на познати печатари од Венеција од XVII век.[4]
Во 1967 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ι.Ν.Αγ.Γεωργίου Χορτιάτη“. Ιερά Μητρόπολη Νεαπόλεως και Σταυρουπόλεως. Архивирано од изворникот на 22 мај 2014. Посетено на 22 мај 2014.
- ↑ Ευγενίδου, Δέσποινα (1982). Μια "Συντεχνία" αγιογράφων του 19ου αιώνα από την Κολακιά (PDF). Θεσσαλονίκη: Μακεδονικά, Τόμος ΚΒ (1982) 180-204. стр. 185. Посетено на 10 јуни 2014.
- ↑ Ευγενίδου, Δέσποινα (1982). Μια "Συντεχνία" αγιογράφων του 19ου αιώνα από την Κολακιά (PDF). Θεσσαλονίκη: Μακεδονικά, Τόμος ΚΒ (1982) 180-204. стр. 1850–181. Посетено на 10 јуни 2014.
- ↑ „Άγιος Γεώργιος Χορτιάτη“. Corect. Посетено на 16 октомври 2014.[мртва врска]
- ↑ „ΥΑ 4701/3-3-1967 - ΦΕΚ 183/Β/16-3-1967“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 28 ноември 2022. Посетено на 11 јуни 2018.