Хортачки манастир
Хортачки манастир „Св. Преображение“ (грчки: Ιερά Μονή Μεταμόρφωσης του Σωτήρος Χορταΐτου, Μονή Χορταϊτισας) — манастир кај селото Хортач, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]
Хортачки манастир | |
---|---|
Μονή Χορταΐτου | |
40°36′1″N 23°5′44″E / 40.60028° СГШ; 23.09556° ИГД | |
Место | Хортач, Солунско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | 1961 |
Управа | |
Епархија | Неаполско-ставруполска |
Манастирот првично е основан во XI век и бил посветен на Пресвета Богородица. Познат е од писмени извори. Во селото близу манастирот има остатоци од неговото утврдување и зачуваната црква „Св. Преображение“ од XI век, која веројатно била неговиот гробишен храм.[4]
Во 1961 г. митрополитот Пантелејмон I Солунски отворил мала црква јужно од селото. Во 1978 г. манастирот станал женски и прешол под јурисдикцијата на новооснованата Неаполско-ставруполска епархија. Во 1988 г. е започната изградбата на новата главна манастирска црква „Воведение на пресв. Богородица“ со осумаголен облик. Манастирот има и два параклиса — „Св. Троица“ и „Св. Преображение“.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Ιερά Μονή Γέννησιου της Θεοτόκου Παναγίας Γοργοεπηκόου Ιωνίας Θεσσαλονίκης“. Ιερά Μητρόπολη Νεαπόλεως και Σταυρουπόλεως. Архивирано од изворникот на 17 ноември 2015. Посетено на 30 октомври 2015.
- ↑ Μανωλεδάκη, Μανόλη (2007). Από τον Κισσό στον Χορτιάτη. Θεσσαλονίκη: Κορνηλία Σφακιανάκη. стр. 109–127. Архивирано од изворникот на 2019-08-19. Посетено на 30 октомври 2015.
- ↑ 3,0 3,1 „Ιερά Μονή Μεταμόρφωσης του Σωτήρος“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 25 јуни 2017.[мртва врска]
- ↑ „Monastery Chortaitou“. Corect. Архивирано од изворникот на 4 март 2016. Посетено на 30 октомври 2015.