Црква „Св. Ѓорѓи“ - Кабасница

црква во Кабасница, Леринско

Свети Ѓорѓи (грчки: Aγίου Γεωργίου) — црква во селото Кабасница, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Ѓорѓи
Aγίου Γεωργίου
Поглед на црквата од апсидната страна
Карта
40°49′0.5″N 21°23′38.7″E / 40.816806° СГШ; 21.394083° ИГД / 40.816806; 21.394083
МестоКабасница, Леринско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Изградба1858
Управа
Архијерејско намесништвоЛеринско
ЕпархијаЛеринско-преспанско-еордејска

Црквата е гробишен храм во облик на трикорабна базилика. Се наоѓа на северниот крај на селото. Изградена е во 1858 г. и претставува еден од најзабележителните храмови во тој крај. Има вреден преродбенички иконостас, икони, како и фрески во олтарот и наосот.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Πατέρα, Ελένη. „Ο Ναός του Αγίου Γεωργίου στην Πρώτη: η ιστορία, η αρχιτεκτονική, η εικονογράφηση του ναού“. Посетено на 20 август 2020.