Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Мало Коњари

црква во селото Мало Коњари

Рождество на Пресвета Богородица — православна црква во Мало Коњари. Црквата претставува еднокорабна градба, полукружно засведена и со полукружна апсида на источната страна, која од надвор е расчленета на седум плитки ниши. Подигната е во 1873 година, а живописана во 1875 година.[1]

Рождество на Пресвета Богородица
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Малокоњарска
Местоположба

Карта

Место Мало Коњари
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пресвета Богородица
Изградба 1873
Живопис 1875
Зограф Стојче Станков
Архитектонски опис

Пред влезот на црквата, од западната страна се наоѓа камбанаријата со отворен трем, подигната во 1920/30 година. Во црквата има богат и раскошен фрескоживопис. Црквата целосно е фрескописана во 1875 година од мајсторот Стојче Станков од Крушево.

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.