Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Геракари
црква во Геракари, Лагадинско
Рождество на Пресвета Богородица (грчки: Γεννήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Геракари, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Рождество на Пресвета Богородица | |
---|---|
Γεννήσεως της Θεοτόκου | |
40°37′46.0″N 23°12′43.9″E / 40.629444° СГШ; 23.212194° ИГД | |
Место | Геракари, Лагадинско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | XX век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Лагиновско |
Епархија | Лагадинско-ајватовско-рендинска |
Црквата е изградена во XX век и се наоѓа во северниот дел на селото, на 100 м јужно од постарата црква „Св. Ѓорѓи“. Претставува трикорабна базилика со камбанарија на запад. Во храмот се пренесени вредните предмети од постарата црква. Има 11 преносливи икони и 10 старопечатени книги. Особено вредна е поклоничката икона на Христос Седржител со Свети Јован Богослов сместена во јужниот кораб, која веројатно датира од XVI век.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Μακροπούλου, Δέσποινα, Κωνσταντίνος Κατσίκης (2014). Κειμηλιακό Απόθεμα σε Ναούς της περιφέρειας Θεσσαλονίκης από τον 16ο ως τον 20ο αιώνα. Φορητές Εικόνες, Λειτουργικά Αντικείμενα, Παλαίτυπα και Χειρόγραφα Βιβλία, Τεύχος 1 (PDF). Θεσσαλονίκη: Στοά των Επιστημών - Ακαδημία Θεσμών και Πολιτισμών. Βυζαντινή Μακεδονία και Θράκη. стр. XIX. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 јуни 2018.