Црква „Пресвета Богородица Старопреносна“
црква во Бер, Егејска Македонија
Пресвета Богородица Старопреносна или Севладичица (грчки: Παναγία Παλιοφορίτισσα, Παντάνασσα) — доцносредновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Се наоѓа во парохијата на „Св. Петар и Павле“.[2]
Богородица Старопреносна | |
---|---|
Παναγία Παλιοφορίτισσα | |
40°31′17″N 22°12′22″E / 40.52139° СГШ; 22.20611° ИГД | |
Место | Бер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | XV век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Бер |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Црквата е подигната во XV век, и по низа промени во XVIII век претворена е во трикорабна базилика. Внатре има вреден живопис од XV, XVI и XVIII век.[1]
Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Παναγία Παλιοφορίτισσα ή Παντάνασσα“. Discover Veria. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 20 јули 2016.
- ↑ „ΠΔ 3-11-1924 - ΦΕΚ 279/Α/6-11-1924“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 9 јули 2018.[мртва врска]