Црква „Пресвета Богородица Перивлептос“ - Бер

црква во Бер, Егејска Македонија

Пресвета Богородица Перивлептос (грчки: Παναγιά Περίβλεπτος) — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија, еден од најважните духовни споменици во градот. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Влегува во парохијата на „Големи Свети Бессребреници“.[2]

Пресвета Богородица Перивлептос
Παναγιά Περίβλεπτος
Карта
40°31′37.74″N 22°12′21.08″E / 40.5271500° СГШ; 22.2058556° ИГД / 40.5271500; 22.2058556
МестоБер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXV век
Управа
Архијерејско намесништвоБер
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Црквата е подигната на краојт на XV век како трикорабна базилика со дрвен покрив и претставува прекрасен пример за византиската архитектура од периодот. Внатре се зачувани мал дел од првичните фрески од XV век, како и живопис од XVIII век — „Пресвета Богородица Перивлептос“, „Успение Богородично“, „Крштение Господово“ и „Слегување во адот“. Иконостасот е необичен по морфолофијата и претставувањето на Дванаесетте празници.[1]

Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Παναγιά Περίβλεπτος“. Discover Veria. Посетено на 28 јули 2016.
  2. „Ενορίες“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 28 јули 2016.
  3. „ΠΔ 3-11-1924 - ΦΕΚ 279/Α/6-11-1924“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 9 јули 2018.[мртва врска]