Црква „Големи Свети Бессребреници“

црква во Бер, Егејска Македонија

Големи Свети Бессребреници Кузман и Дамјан (грчки: Μεγάλοι Άγιοι Ανάργυροι) — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Големи Свети Бессребреници
Αγίων Αναργύρων
Поглед на црквата
Карта
40°31′32″N 22°12′27″E / 40.52556° СГШ; 22.20750° ИГД / 40.52556; 22.20750
МестоБер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типпеткорабна базилика
ЗавршенаXVI век
Управа
Архијерејско намесништвоБер
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Црквата се наоѓа на бул. „Аниксеос“ во близина на новаат голема црква „Св. Безсребреници“. Изградена е на крајот од XVI век, но на почетокот од XIX е наполно преизградена во петкорабна базилика со двоводен покрив.[1]

Само во источниот ѕид на апсидата се зачувани важни фрески од XVI век.[1][2] Во храмот има голема збирка на стари икони од урнати византиски и поствизантиски цркви во Бер.[2] Иконата на Богородица (1734) е дело на Давид Селеница.[3]

На 30 август 1979 г. црквата е прогласена за заштитен споменик.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Μεγάλοι Άγιοι Ανάργυροι“. Discover Veria. Посетено на 21 јули 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 „ΥΑ ΥΠΠΕ/Β1/Φ36/37942/1375/15-6-1979 - ΦΕΚ 731/Β/30-8-1979“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-07-09. Посетено на 14 октомври 2014.
  3. Δρακοπούλου, Ευγενία (2010). Έλληνες ζωγράφοι μετά την Άλωση (1450-1850), τόμος 3, Αβέρκιος - Ιωσήφ (Συμπληρώσεις-Διορθώσεις). Αθήνα: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Ερευνών / Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 229. ISBN 978-960-7916-94-5. Архивирано од изворникот на 2021-10-29. Посетено на 2022-07-09.