Црква „Пресвета Богородица Достојно ест“ - Бојмица

Пресвета Богородица Достојно ест (грчки: Ιερός Ναός Παναγίας Άξιον Εστίν) — црква во гратчето Бојмица, Гуменџиско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.

Пресвета Богородица Достојно ест
Παναγίας Άξιον Εστίν
Поглед на црквата
Карта
40°59′10″N 22°32′25″E / 40.98611° СГШ; 22.54028° ИГД / 40.98611; 22.54028
МестоБојмица, Гуменџиско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архитект(и)Алкис Раптис
Завршена2000
Управа
ЕпархијаГуменџиско-бојмичко-ругуновска

Во 1995 г. митрополитот Димитриј Гуменџиски издејствувал плац за црква на плоштадот „Павлос Мелас“ по пат на размена со армијата. Камен-темелникот е удрен на 5 октомври 1997 г. Градбата е дело на архитект Алкис Раптис. Внатрешноста е една целина, без столбови, при што отповарувањето е префрлено на страничните ѕидови. Црквата е завршена во 2000 г. и е целосно живописана.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. ἀρχιµ. Δωρόθεος Πάπαρης (11 јуни 2010). „Ιερός Ναός Παναγίας "Άξιον Εστί" - Αξιούπολης“. Ἀνάµνησις θαύµατος Παναγίας Ἄξιόν Ἐστιν. Архивирано од изворникот на 2014-07-21. Посетено на 9 јуни 2014.

Надворешни врски

уреди