Црква „Положување на ризата“

Црквата Положување на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна (руски: Церковь Ризоположения) е црква која се наоѓа на Катедралниот плоштад во Московскиот кремљ во Русија.

Црква Положување на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна
Церковь Ризоположения
Основни податоци
МестоМосква, Русија
Припадностправославие
ЕпархијаМосковски Кремљ
ВодствоРуска Православна црква
Архитектонски опис
Архитектонски стилРуска архитектура

Изградбата на црквата започнала во 1484 година од страна на Псков, најверојатно ахитектот кој ја проектирал ѝ Благовештенската катедрала[1]. Црквата била изградена на местото на поранешна црква, која пак била изградена во 1451 година[2]. Името на црквата било посветено на Пресвета Богородица, по повод преместувањето на нејзината облека од Палестина во Цариград, каде станала заштитничка на градот. Според некои легенди, во времето на руско-византиската војна од 860 година, градот не паднал во рацете на Русите поради појавувањето на Пресвета Богородица на бојното поле, каде голем број од руските бродови потониле во морето[3].

Наводи

уреди
  1. Shvidkovsky, Dmitry. Russian Architecture and the West, Yale University Press, 2007. ISBN 0300109121
  2. "Discovering the Kremlin Архивирано на 1 мај 2008 г.", kremlin.ru. Посетено на April 28, 2008.
  3. Turnbull, Stephen. The Walls of Constantinople, AD 324–1453, Osprey Publishing, p.48–49. ISBN 1-84176-759-X