Катедрален плоштад (Москва)
Катедралниот плоштад (руски: Соборная площадь) е плоштад кој се наоѓа во Московскиот кремљ во Русија. Овој плоштад во текот на 15 век бил главниот и централниот во тогашниот кремљ.
Катедрален плоштад Соборная площадь | |
---|---|
Поглед кон плоштадот. Слика од 1797 година | |
Општи податоци | |
Град | Москва |
Земја | Русија |
Името на овој плоштад се должи на тоа што на него се наоѓаат три катедрали: Катедралата на Успението, Архангелската катедрала и Благовештенската катедрала[1]. Освен овие катедрали, покрај овој плоштад се наоѓаат и Влахерната црква, Црквата Свети Апостоли. Највисока градба на плоштадот е Камбанаријата на Иван Велики, која го разделува Катедралниот од Ивановскиот плоштад.
Овој плоштад бил долго време познат по тоа што на него се одржувале голем број на церемонии, поврзани со крунисувањето на новите цареви и императори, место каде биле изложувани телата на починатите владетели, патријарси и слично. Голем број на згради и објекти на плоштадот биле зградени од страна на италијанските архитекти, како Аристотел Фиораванти, [Алевиз Новиот], Бон Фрјазин итн. Поради ова, изградбата на плоштадот бил под големо влијание на италијанската ренесанса.
55°45′02″N 37°37′03″E / 55.7505555656° СГШ; 37.61750001° ИГД
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-12-01. Посетено на 2010-10-31.