Црква „Покров на Пресвета Богородица“ - Долни Подлог

црква во селото Долни Подлог, Македонија

Покров на Пресвета Богородица — главна селска црква во кочанското село Долни Подлог, Македонија.[1]

Покров на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Кочанско
Парохија Грдовска
Местоположба

Карта

Координати 41°53′15″N 22°22′13″E / 41.88750° СГШ; 22.37028° ИГД / 41.88750; 22.37028
Место Долни Подлог
Општина Кочани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Покров на Пресвета Богородица
Изградба 1950
Осветување 1967
Архитектонски опис

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа во источниот дел на селото, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Историја

уреди

Во минатото, во селото постоело црквиштето „Св. Атанас“, а на тоа место до 1912 година еден Турчин чувал сено. По ослободувањето од Турците, црквиштето било откриено, а околу него се наоѓаат денешните македонски гробишта. Претходно, гробиштата се наоѓале јужно од селото.[2]

Црквата започнала да се гради во 1950 година, а била осветена во 1967 година од страна на митрополитот Злетовско-струмичко г. Наум.[3]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 139. OCLC 16745284.
  3. „Брегалничка епархија“. bregalnickaeparhija.org.mk. Посетено на 2024-10-20.

Надворешни врски

уреди