Џамијата Ески Имарет (турски Eski Imaret Camii) е поранешна православна црква која била претворена во џамија и која се наоѓа во Истанбул, Турција. Црквата била изградена во 1087 година од страна на Ана Даласена. По падот на Цариград црквата била претворена во џамија.

Џамија Екси Имарет
Основни податоци
МестоИстанбул, Турција
Координати41°01′18″N 28°57′18″E / 41.02167° СГШ; 28.95500° ИГД / 41.02167; 28.95500
Припадностислам
Осветен1087
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија

Верскиот објект се наоѓа во реонот Фатих, во населбата Зејрек.

Историја

уреди

Црквата била изградена подоцна од 1087 година и тоа во времето на Ана Даласина, мајка на императорот Алексеј I Комнин, и тоа на врвот од четвртиот рид на градот. Верскиот објект служел како женаски манастир и бил посветен на Христос. Во манастирот Ана ги поминала последните денови од својот живот[1].

На 12 април 1204 година, во времето на Опсадата на градот, императорот Алексеј V Дука своите војски ги распоредил блиску до манастирот. Од таа позиција тој слободно ги гледал позициите на венецијанската флота. По зазимањето на градот, манастирот доживеал голем грабеж, по кое станал Бенедиктски манастир. Така, во времето кога градот бил во составот на Латинското Царство, манастирот бил католички.

По зазимањето на градот од страна на Отоманците во 1453 година, црквата била претворена во џамија, а манастирските објекти биле користени како медреси, јавни кујни и слично. Од овде доаѓа и самото име на џамијата. По зазимањето на градот, џамијата Фатих започнала да се гради, а при изградбата била користена кујната од оваа џамија. Поради ова, денешната џамија се нарекува Ески имарет (имарет на турски значи кујна).

Во текот на османлиската ера, комплексот бил на неколкупати опожаруван и повторно ренивиран. До 1970 година, објектот бил користен како медреса, која ја направило скоро недостапна за проучување. По 1970 година, џамијата била затворена и подложена на реставрација под раководство на турскиот архитект Фикрет Чухадароглу. Но и покрај ова, зградата останала во многу лоша состојба.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Mathews, p. 59.

Надворешни врски

уреди