Црква „Воздвижение на Чесниот Крст“ - Станица Аканџали
Воздвижение на Чесниот Крст (грчки: Υψώσεως Τιμίου Σταυρού) — црква во селото Станица Аканџали, Дојранско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Полјанско-кукушката епархија на Цариградската патријаршија.
Воздвижение на Чесниот Крст | |
---|---|
Υψώσεως Τιμίου Σταυρού | |
41°15′43″N 22°50′18″E / 41.26194° СГШ; 22.83833° ИГД | |
Место | Станица Аканџали, Дојранско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Изградба | 1975 – 1983 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Полјанско |
Епархија | Полјанско-кукушка |
Во 1930 г. во селото Чаали доселените Грци од Турција изградиле црква. Со постепеното населување на жителите од околината, Чаали е припоено кон Станица Аканџали, а старата црква станала премала за да се задоволат потребите. На 30 ноември 1975 г. на сретселото во Станица Аканџали е удрен камен-темелникот на црквата „Воздвижение на Чесниот Крст“. Првата литургија е отслужена на 5 септември 1982 г., а црквата е осветена на 10 април 1983 г. Изградбата е финансирана од мештаните и голем број иселеници.[1]
Во дворот на храмот има параклис „Св. Катерина“. Гробишната црква „Св. Лазар“ исто така е параклис на храмот.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Εκκλησίες και ξωκλήσια του τόπου μου“. Посетено на 27 јануари 2020.