Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Граешница

црква во Граешница, Општина Битола

Воведение на Пресвета Богородица (или Св. Богородица Пречиста) — селска гробишна црква во битолското село Граешница, Македонија.[1]

Воведение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Бистричка
Местоположба

Карта

Координати 40°54′3.4″N 21°20′53″E / 40.900944° СГШ; 21.34806° ИГД / 40.900944; 21.34806
Место Граешница
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Изградба XV век
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Црквата се наоѓа во лоша состојба, особено по иселувањето на православното македонско население од селото Граешница.

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа пониско од селото,[2] односно на самиот негов влез од десната страна по локалниот асфалтен пат.

Историја

уреди

За храмот не се знае кога е точно подигнат и некогаш бил единствен христијански храм на просторот на селата Граешница и Лажец.[2] Сепак, според одредени други извори може да се заклучи дека тој потекнува од последните години на XV век.[3]

Архитектура

уреди
 
Фреска од црквата

Изграден е од необработен камен со кал, освен апсидата, која е изработена од камен, тули и варов малтер. По начинот на ѕидање и изгледот, оваа мала непретенциозна црквичка малку се разликува од селските куќи. Црквата е забележителна со својата керамодекорациja на апсидната фасада и датира од последните години на XV век. Останатите ѕидови се сосем бели, без украсување. Во просторот пред апсидата се зачувани неколку масивни камени плочи кои укажуваат на присуство на средновековни гробишта.[3]

Градбата архитектонски е поделена на два дела: на исток е еднокорабен наос со димензии 7,5 × 5 м, а во западнииот дел е нартексот со главниот влез, до кој се слегува по стрмно камено скалиште. Надворешниот изглед на градбата е изменет со продолжениот нартекс со димензии 4 × 5 м. Во овој дел црквата е над метар и пол под површината и во неа се слегува по неколку камени скалила кон влезната врата. Нартексот е дограден подоцна, а во неговата внатрешност има дрвена галерија — женска црква, обновена или направена за време на реформите на Танзиматот. На јужната страна има влез со ниша над него, каде е претставена биста на Свети Никола, а над апсидата под покривот уште се гледаат остатоци од Богородица Оранта.[3]

Најстарата црква имала калкански покрив со камени плочи како во Прилеп и Костур, кои стоеле сè до конзервацијата на црквата во 2002 година. Ѕидаријата е со делкан и необработен камен во комбинација со тули на полукружната апсида и со употреба на остатоци од римска гробна керамика од блиската некропола како украсен материјал. Храмот е украсен со керамопластична декорација во облик на рибина коска, рибини крлушки и христограм. Горните партии се украсени со ромбови, паралелограми, кои ја содржат буквата И (Исус), а на дното на паралелограм е буквата Х (Христос).[3][4]

Фрескоживопис

уреди

Ѕидниот живопис е многу оштетен од чад и со вадење на очите на иконите. Внатрешноста е темна — има само три скромни прозорци на северниот ѕид и еден тесен на јужниот. Украсувањето е скромно, претежно присутно во олтарниот простор, а во апсидата со претставата на Богородица Поширока од небесата со малиот Исус Емануил.[5]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 204-206. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Михајловски, Роберт. „Од духовното наследство на Via Egnatia: црквите Успение на Богородица од Велушина и Богородица Пречиста од Граешница“ (PDF). УДК. 726:27-523.42(497.774), стр. 151-152. Посетено на 30 март 2014.
  4. Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 33. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-12-22.
  5. Михајловски, Роберт. „Од духовното наследство на Via Egnatia: црквите Успение на Богородица од Велушина и Богородица Пречиста од Граешница“ (PDF). Посетено на 30 март 2014. Занемарен непознатиот параметар |издател= (help)

Надворешни врски

уреди