Црква Свети Климент Дански

Црквата Свети Климент Дански (англиски: St Clement Danes) е англиканска црква која се наоѓа во Вестминстер, Лондон, Англија.

Црква Свети Климент Дански
St Clement Danes
Основни податоци
МестоВестминстер, Лондон
КоординатиОбединето Кралство
ПрипадностЦрква на Англија
Архитектонски опис
Архитект(и)Сер Кристофер Рен
Завршен1880

Првата црква на ова место била изградена од страна на Данците кои се населиле на овие простори во текот на 9 век. Во текот на својата историја, таа била доградувана во времето на Вилијам Освојувачот и во текот на средниот век. Денешниот изглед црквата го добила во 1682 година, кога претходната црква била срушена и повторно изградена. Нејзин главен архитект бил Сер Кристофер Рен. Во периодот од 1719-1720 од страна на Џејмс Гибс била додадена и кулата на црквата. Во текот на Втората светска војна и германското бомбардирање на Лондон, црквата била опожарена во 1941 година. Сепак, нејзиниот надворешен изглед в голема мера бил зачуван, па по војната таа била повторно реновирана.

Црквата денеска функционира како централна црква на Кралските воздушни сили на Велика Британија[1].

Наводи

уреди