Црквата на Свети Симон и Елена (белоруски:Касцёл святых Сымона і Алены) исто така позната и како Црвена Црква и спаѓа во склопот на Римокатоличката црква. Се наоѓа на плоштадот на независноста во Минск, Белорусија. Црквата била изградена во периодот од 1905 до 1910. Црквата е изградена од црвени тули и нејзин архитект бил Тамаш Паиждерски. За време на комунизмот била затворена и користена како филмско студио, а по падот на комунизмот повторно била отворена.

Црква Свети Симон и Елена
Касцёл Свсв. Сымона і Алены
Црвената црква
Основни податоци
МестоМинск, Белорусија
Координати53°53′47.47″N 27°32′50.92″E / 53.8965194° СГШ; 27.5474778° ИГД / 53.8965194; 27.5474778
Припадносткатоличка
Осветен1910
Архитектонски опис
Архитект(и)Тамаш Паиждерски
Архитектонски типЦрква
Завршен1910
Особености
Материјалитули