Цорге (река)

река во Германија

Цорге (германски: Zorge) — притока на реката Хелме во средишна Германија. Долга е околу 40 километри и тече од покраината Долна Саксонија во Тирингија. Во многу извори, името Цорге се преведува како „дива река“.

Цорге
Zorge
Цорге во Нордхаузен
Место Долна Саксонија и Тирингија, Германија
Потекло Соединување на Волфсбах и Шпракелбах во селото Цорге
51°22′53″ N; 10°22′55″ E / 51.3814° СГШ; 10.382° ИГД / 51.3814; 10.382Координати: 51°22′53″ N; 10°22′55″ E / 51.3814° СГШ; 10.382° ИГД / 51.3814; 10.382
Висина на изворот околу 352 м над м.н.
Утока Кај Херинген во Хелме
Висина на утоката 158,8 м над м.н.
Спуст ~ 193,2 м
Слив Елба
Одлив Хелме → Унштрут → Зале → Елба → Северно Море
Истек
со Нордхаузен мерило[1]
Рекордно низок:     50 л/с (во 20.10.1966)
Просечен низок:    350 л/с
Просечен среден:   3,56 м³/с
Просечен висок: 41,1 м³/с
Рекордно висок:   95,1 м³/с (во 04.03.1956)
Вливот на Шпракелбах (лево)
и Волфсбах (десно) при создавањето на Цорге

Тек уреди

Реката настанува во истоименото село на планините Харц при вливот на потоците Волфсбах и Шпракелбах[2] кои се соединуваат во горниот дел на селото на околу 350 метри. Потоа тече кон југ низ Цорге и Елрих до Нордхаузен. Цорге се влева во Хелме североисточно од Херинген.

Изворите на Цорге, како и многу други потоци, потекнуваат од најдождливите региони на Харц. Количината на вода која ја носи Хелме се една од причините за изградба на вештачкото езеро Келбра на Хелме.

Притоки уреди

Извори
  • Волфсбах (лев извор)
  • Шпракелсбах (десен извор)
Притоки
  • Штајгервасер (десна)
  • Елсбах (лева)
  • Деренбах (десна)
  • Илигесбах (десна)
  • Розенбах (лева)
  • Зилце (лева)
  • Вида (десна)
  • Бере (лева)
  • Капелбах (лева)
  • Орбах (лева)
  • Гумпебах (лева)
  • Росмансбах (лева)
  • Лајмбах (лева)
  • Крумбах (лева)

Наводи уреди

  1. Pegel: Nordhausen Auf: hnz.tlug-jena.de
  2. Die Zorge at www.harzlife.de. 5 декември 2010.

Надворешни врски уреди