Церовачки Пештери
Церовачки Пештери — најголем пештерски комплекс во Хрватска.[1] Пештерите се наоѓаат на четири километри југоисточно од Грачац, на североисточната падина на ридот Црнопац на Велебит (1403 м), во јужниот дел на Паркот на природата Велебит.
Церовачки Пештери | |
---|---|
Cerovačke špilje | |
Церовачки Пештери | |
Место | Грачац, Хрватска |
Длабочина | 192 м |
Должина | 4 км |
Откриена | 1913 |
Пристап | пеш |
Опис
уредиБиле откриени при изградбата на Личката пруга во 1913 година, а ги открил Никола Туркаљ кој работел на изградба на пругата. Името го добиле по железничката станица Церовац. Овие пештери се едно од најголемите места на пештерски мечки во Хрватска, а пронајдени се и фосилни човечки коски и бронзена секира. Таа човечка коска припаѓала на т.н. ловец на пештерски мечки од горниот плеистоцен кој живеел таму пред приближно дваесет илјади години.
Должината на засега познатите и топографски снимени канали во долната пештера е 4058 м, вкупната длабочина на пештерата е 68 м, а вкупната висинска разлика е 97 м, додека должината на туристичката патека е 608 м.[2] Должината на истражуваните канали на горната пештера е 4035 м, вкупната длабочина е 192 м, а вкупната висинска разлика е 202 м.[2] Должината на туристичката патека е 725 м. Помеѓу горната и долната пештера се наоѓа многу помала средна пештера. Просечната температура во пештерите е од 5 до 8 °C. Тие се богати со пештерски украси и карстни појави (понори и оџаци), тие се важен палеонтолошко наоѓалиште на пештерската мечка и праисториска керамика (илиро-келтска култура). Заштитени се како геоморфолошки споменик на природата во 1961 година.[3]
Галерија
уреди-
Горната пештера
-
Долната пештера
Наводи
уреди- ↑ Cerovačke pećine geomorfološki spomenik prirode. www.lickosenjska.com. Inačica izvorne stranice arhivirana 25. veljače 2013.
- ↑ 2,0 2,1 „O špiljama“. Cerovačke špilje (хрватски). Посетено на 2022-08-02.
- ↑ „Povijest špilja“. Cerovačke špilje (хрватски). Посетено на 2022-08-02.
Надворешни врски
уреди- Официјална веб-страница: cerovacke-spilje.hr
- За Velebit velebit.hr. Верзијата на оригиналната страница архивирана на 25. јуни 2007 година
- Церовачките пештери и други карстни појави на масивот Црнопац Geografija.hr. Верзијата на оригиналната страница архивирана на 14 мај 2013 година