Цегледски бокал
Цегледски бокал (унгарски: Ceglédi kanna) ― сад за вода именуван по градот Цеглед, Унгарија. Користен е и како музички инструмент во народната музика, особено во ромската музика во Унгарија.[1]
Како сад
уредиЦегледскиот бокал е метален бокал од 7–9 литри за вода, со рачка и капак. Тоа е релативно современ изум. Тие првпат биле произведени од Јанош Ронај во Цеглед во 1910-тите. Пред широката распостранетост на водоводни цевководи, цегледските бокали биле популарни за испорака на вода до земјоделците за време на жетвата, градежништвото и другите работници далеку од станбените места. Тие брзо станале популарни, бидејќи не биле кревки како грнчарските бокали, лесни за носење со рака, на велосипед или во автомобил и лесно се чистени. Бидејќи долго време имало само еден производител, името останало.[2]
Првично цегледските бокали биле направени од галванизиран калај. Подоцна тие биле направени од алуминиум и челик, обете голи метали и покриени со емајл, вообичаено со црвена, сина или бела боја. И покрај сложениот облик, бокалот (без рачка) бил направен од еден метален лим. За цврстина, грлото и долните бандажи биле двојно преклопени. Рачката била прицврстена со навртки.[2]
Како музички инструмент
уредиЦегледскиоте бокали станале ритамски музички инструмент меѓу Ромите во 1970 година до 1980-тите. Првата употреба на бокалот му се припишува на Кароли Рошташ („Хутјан“). Подоцна било усовршувано од други ромски музичари, како што е групата Kalyi Jag.[1][3] Кога се удирани од дланките, цегледските бокали прават широк спектар на звуци, во зависност од местото на ударот (рачка, тело, раб), дали е удрен или плеснат, дали грлото на бокалот е придушен итн.[1] Комбинацијата на метален звук и длабокиот тап звук на воздушната шуплина го става инструментот во категориите идиофони и дувачки инструменти.[4]
Во 2008 и 2009 година, биле одржани два фестивали на Цегледи канабал (унгарски: Ceglédi KannaBál), кои го истакнале овој музички инструмент.[1] Покрај традиционалната ромска музика, на фестивалот учествувале реге, џез и блуз бендови кои користеле цегледски бокали.[5][6] Првенецот со бокал, Јозеф Наги од Kayli Jag ја раскажал историјата на инструментот и кажувал како да се свири на него.[7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 "Ceglédi kanna" [{{{1}}} Архивирано] на {{{2}}}., Ceglédi Panorama; lexicon Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „cepa“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ 2,0 2,1 "Ceglédi kanna", Magyar Vagyok, Zoltán Kabai, 15 септември 2010 (посетено на 9 април 2023) Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „mava“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ "Brummogó bőgő helyett ceglédi kanna", László Rab, NOL (Népszabadság Online), 27 ноември 2009 (посетено на 9 април 2023)
- ↑ Sárosi, Bálint Hangszerek a magyar néphagyományban (" Musical Instruments in Hungarian Folklore"), Budapest, Planétás, 1998, ISBN 9639014354
- ↑ "1. Ceglédi KannaBál", archive of Cegléd City Television (CVT)
- ↑ "Ceglédi KannaBál 2009"
- ↑ "Ceglédi KannaBál", Est magazin 22 јули, 2008