Царевна Миладинова
Царевна Миладинова (1 јануари 1856- 18 декември 1934) — македонски просветен работник, еден од основачите на Солунската женска гимназија, авторка на првите правилници за работата на училиштата во Македонија.[1]
Царевна Миладинова | ||
Родена | 1 јануари 1856 Струга, Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починала | 18 декември 1934 Софија, Бугарија | (возр. 78)|
Сопружник | Никола Алексиев | |
Татко | Димитар Миладинов |
Биографија
уредиЦаревна Миладинова е ќерка на Димитар и Митра Миладинови.[2] Првото образование го стекнала кај учителот Георги Икономов. Во 1866 година преку Битола и Цариград стигнала во Киев, каде што учела во Фундуклеевската класична гимназија. По завршувањето на гимназијата во 1874 година, заминала во Цариград, од каде што била назначена за учителка во Шумен. Учителствувала и во Етрополе (1881) и во Свиштов (1882). Во овој период се омажила за учителот и трговец Никола Алексиев од Охрид, по што на своето презиме го додала и неговото, па во литературата од подоцнежниот период се сретнува како Царевна Миладинова-Алексиева.[3]
По основањето на Солунската женска гимназија „Свето благовештение“,[2] била назначена за управителка (1883/1884), а потоа за помошничка управителка и за учителка по литература (1884 – 1889). Во 1889 година Царевна одговорила позитивно на барањето на Прилепската црковна општина и организирала училиште за девојчиња во градот. Таа била директор од 1889 до 1891 година, а потоа повторно заминала во Солун, каде основала егзархиско училиште во маалата Пиргите, во јужниот дел на Солун.
Наводи
уреди- ↑ Ковилоски, Славчо. „ПРАВИЛНИЦИТЕ ЗА УЧИЛИШТАТА НА ЦАРЕВНА МИЛАДИНОВА-АЛЕКСИЕВА“. Гласник на Институтот за национална историја. 1–2: 65–70.
- ↑ 2,0 2,1 Ивана Хаџиевска и Јана Коцевска (2021). АРХИВИ НА НЕВИДЛИВИТЕ, Жените во печатот од Вардарска Македонијa помеѓу двете светски војни (PDF). Центар за истражување на национализмот и културата. стр. 124.
- ↑ Ковилоски, Славчо. „Книжевната и просветната дејност на Царевна Миладинова-Алексиева“. Спектар. 69: 44.