ОУ „Гоце Делчев“ - Стенче
Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Стенче; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во тетовското село Стенче, Општина Брвеница.[1]
Гоце Делчев
| |
---|---|
Поглед на училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Брвеница |
Наречено по: | Гоце Делчев |
Нас. место: | Стенче |
Адреса: | с. Стенче |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1945 |
Директор: | Африм Емурлаи |
Број на ученици: | 342 |
Настава на: | македонски и албански |
Контактни информации | |
Е-пошта | ougocedelcevstence@hotmail.com |
Телефон | 042/321-060 |
Факс | 042/321-060 |
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Особеност
уредиВо склоп на централното основно училиште функционираат и подрачните основни училишта во селата Волковија, Радиовце и Теново, кои се четиригодишни, а додека албанските учениците од селото Радиовце кои учат во подрачното четиригодишно училиште во селото образованието го продолжуваат во основното училиште „Лирија“ од Жеровјане, иако се дел од ОУ Гоце Делчев и имаат можност да следат настава на албански јазик во селото Теново.
Подрачни училишта
уредиВо составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Гоце Делчев“ - Волковија, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Гоце Делчев“ - Гургурница, подрачно деветгодишно училиште на албански наставен јазик;
- ПУ „Гоце Делчев“ - Радиовце, подрачно петгодишно училиште на албански и на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Гоце Делчев“ - Теново, подрачно деветгодишно училиште на албански и на македонски наставен јазик.
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-02.