Јеринг

град во Данска
(Пренасочено од Хјоринг)

Јеринг (дански: Hjørring, МФА[ˈjɶɐ̯eŋ]) — град во северниот дел на Данска. Градот се наоѓа во рамките на покрајната Северна Данска, каде со околните населени места ја сочинува истоимената општина Јеринг. Денес градот има околу 25.000 жители во градот и околу 67.000 во поширокото градско подрачје.

Јеринг
Hjørring
Стариот дел на Јеринг
Стариот дел на Јеринг
Амблем на
Амблем
Грб на
ЗемјаДанска
РегонСеверна Данска
ОпштинаЈеринг
Површина
 • град929,58 км2 (35,891 ми2)
Надм. вис.&1000000000000005000000050 м
Население (2014)
 • град25.071
 • Густина0,27/км2 (0,70/ми2)
 • Метро65.405
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.9800
Повик. бр.(+45) 72
Мреж. местоhttp://www.hjoerring.dk/

Природни услови

уреди

Градот се наоѓа во северниот дел на Данска и претставува најсеверно големо населено место во државата. Од главниот град Копенхаген е е оддалечен 460 километри на северозапад.

Градот се наоѓа во средишниот дел на најсеверниот дански остров Вендсисел. Градското подрачје е претежно рамничарско. Надморската височина на средиштето на градот се движи помеѓу 0-40 метри. Климата на Јеринг е умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја. Местото се образувало во близина на северниот брег на Северно Море. Во градот има и поголеми и значајни водени површини.

Историја

уреди

Подрачјето на Јеринг било населено уште од праисториско време. Денешната населба првпат се споменува околу 1200 година, а во 1243 година населбата добила градски права.

И покрај петгодишната окупација на Данска од страна на Третиот Рајх (1940-45), градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Население

уреди

Денес Јеринг има околу 25.000 жители во градските граници и околу 67.000 со околните населени места.

Населението на Јеринг до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци, а можело да се најде и по некој Германец. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди