Крон

(Пренасочено од Хрон)

Крон или Хрон (старогрчки: Κρόνος) — титан, бог од првото поколение во старогрчката митологија и единствен син на Геја и Уран небо. На татко му Уран му се осветил така што го кастрирал и се оженил со својата сестра Реја.

Крон / Хрон
ЖивеалиштеЗемја
Симболсрп
СопружникРеја
РодителиУран и Геја
Римски панданСатурн

Во почетокот тој бил бог на земјоделството, а подоцна се идентифицира како бог на времето (старогрчки: Χρόνος — време), симболизирајќи го времето кое води кон смртта. Реја дала дозвола на сите титани, со исклучок на Океан, да го нападнат Уран.

Мит за крвавото владеење и паѓање на титаните

уреди

Мајката Земја (Геја) на Крон му ја прорекла дека ќе биде убиен од еден од неговите синови, а истото тоа му го потврдил и татко му при умирањето. Поради тоа тој ги голтал своите деца што Реја му ги раѓала.[1] Со соединувањето на Реја и Крон, се родиле идните олимписки богови: Деметра, Хестија, Хера, Ад, Посејдон и Зевс, богови кои подоцна ја поделиле власта помеѓу себеси и завладеале со светот. По раѓањето на Зевс, Реја своето дете го доверила на Океанида, која го однела во тајност во една пештера на Крит[2], додека пак, на својот сопруг му подметнала камен завиен во пелена. На тој начин Зевс бил спасен.

Кога Крон разбрал за измамата на Реја, тој започнал да го бара Зевс по целата земја[3], но безуспешно. Кога Зевс пораснал, започнал војна со својот татко, позната во старогрчката митологија како Титаномахија. По десет години, Крон бил симнат од власт од страна на Зевс и неговите сојузници и однесен и заточен на Тартар.

„Кога Зевс беше веќе сосема голем, тој го натера Крон да ги изблуе неговите браќа и сестри — Посејдон, Ад, Хера, Хестија и Деметра, како и да ги ослободи неговите чичковци и тетки, кои Крон по свргнување на Уран ги оставил во синџири[4].

Негов истоветник во римската митологија е Сатурн.

Крон како тема во уметноста

уреди

Крон се јавува како тема во уметничките дела, како:

  • „На Пријам Крон“ — песна на германскиот поет Гете.[5]

Наводи

уреди
  1. Robert Grevs,Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 39.
  2. Аполодор, Митолошка библиотека, I, 1, 4
  3. Хигин, Митови 139
  4. Artur Koterel, Rečnik svetske mitologije, Nolit, Beograd, 1998, стр. 236
  5. Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 24-25.