Хромофобија (филм)
Хромофобија (англиски: Chromophobia) е британски филм од 2005 година, во режија на Марта Фајнс, која го напишала и сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Ралф Фајнс, Пенелопе Круз, Кристин Скот Томас, Рис Иванс, Ијан Холм, Демијан Луис и Бен Чаплин. Музиката за филмот ја напишал Магнус Фајнс. Премиерата на филмот се одржала на Канскиот филмски фестивал.
Содржина
уредиСекое семејство има одредени тајни што сака да ги зачува во својот дом. Но, тајните на семејството на Маркус Ајлсбери се обелоденети благодарение на долгогодишниот пријател на семејството, новинарот Трент, кој под притисок на својот уредник, трага по интересна приказна. Во филмот паралелно се прикажуваат случувањата и врските на неколку ликови, кои во потрага по удобен живот ги забораваат најважните нешта, како: пријателството, децата, љубовта.
Филмот претставува животна приказна за семејството Ејлсбери чии членови увидуваат дека постојат поважни нешта од парите. Иона не разликува психијатриска ординација од продавница, нејзиниот осумгодишен син има сериозни психолошки проблеми, а неговиот кум Стивен, кој е хомосексуалец, лежи претепан во една болница. Таткото на Иона, Едвард, очекува од неа повеќе отколку што таа може да постигне, а врската на нејзината маќеа со домашните миленици е најдобар начин, според неа, за искажување на вистинската љубов.[1] [2]