Христијанството во Албанија
Христијанството во Албанија е втората најголема религија во државата. Точниот број на верници по религија не е познат, иако на последниот попис имало таква опција. Така бројот на Христијаните, и Муслиманите за државата варира од извор до извор. Покрај Албанците, Христијаните во државата ги опфаќаат и Македонците, Грците, Црногорците и Власите. Христијанството била доминантна религија во Албанија до доаѓањето на Турците на Балканскиот Полуостров. За време на Отоманското Царство, голем број од Христијаните биле исламизирани и така религијата станала поголема во однос на другите. Исламизирањето било особено успешно меѓу Албанците и Македонците од североисточна и источна Албанија (Торбеши). Според податоците на ЦИА, околу 70% од населението се Муслимани, а 30% Христијани (20% Православни, 10% Католици).[1] Од другата страна пак, албанската влада излегла со следниве бројки: 38% Муслимани, 16% Православни и 17% Католици.[2] На последниот попис од 2011 година, 56% се изјасниле како Муслимани и 17.2% Христијани.[3]
Православна црква
уредиПравославите во Албанија има долга традиција. Воглавно православни етнички групи во Албанија се самите Албанци, Грци, Македонците, Власите и Црногорците. Според владините податоци, 20% од населението на државата биле Православни[2], но на пописот биле забележани само 6.75%.[3] Пред доаѓањето на Турците во Албанија, православието било главна религија на околу 50% од населението кое живееле на територијата на денешна Албанија.
Римокатоличка црква
уредиСпоред податоците на владата, околу 17% од населението се Католици, но на пописот се пребројале 10.03%.[3] Во државата има 5 бискупии. Од Католиците, најголем број се Албанците.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „2009 CIA World Factbook“. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 2013-11-22.
- ↑ 2,0 2,1 Albanian Government. „L'Albania oggi“ (италијански). Ministry of Foreign Affairs of Albania. Архивирано од изворникот на 2010-07-06. Посетено на 30 August 2010.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Albanian census 2011“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-11-14. Посетено на 2013-11-22.
Оваа статија поврзана со Албанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија за христијанството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |