Хорхе Мере Перес (шпански: Jorge Meré Pérez, 17 април 1997) — шпански професионален фудбалер кој игра за германски клуб ФК Келн како централен дефанзивец .

Хорхе Мере (2021)

Клупска кариера

уреди

Спортинг Хихон

уреди

Роден е во Овиедо, Астурија, Шпанија. Мере се приклучил на младинската постава на Спортинг де Хихон во 2010 година.[1] Тој го имал своето деби за резервите во сезоната 2013-14 (на возраст од само 16 години) Сегунда Дивизија Б. На 24 јули 2014 година, тој потпишал нов петгодишен договор со клубот во висина од 25 милиони евра клаузула за ослободување.[2]

Во јануари 2015 година, Мере бил поврзан со Њукасл Јунајтед.[3] На 11 април, тој ја одиграл својата прва игра како професионалец, ппротив Реал Сарагоса во Сегунда Дивизион .[4]

Мере се појавил во пет натпревари за првиот тим за време на кампањата, откако се вратил во Ла Лига по тригодишно отсуство. Тој го имал своето деби во натпреварот на 23 септември 2015 година.[5]

Мере придонел со 25 настапи во текот на 2015-16, надминувајќи го Бернардо Еспиноса (кој бил отстранет поради повредата).[6] Тој бил прогласен за играч на Спортинг во сезоната, а татко му ја прифатил наградата во негово име.[7]

1. ФК Келн

уреди

На 20 јули 2017 година, Мере се приклучил на 1. ФК Кёлн на петгодишен договор, за кој се смета дека е помеѓу 8,5 и 9 милиони евра,[8] станува највисокиот трансфер кој некогаш го добил Спортинг.[9] Неговиот прв натпревар во Бундеслигата се одржал на 9 септември, кога ја играл втората половина против ФК Аугсбург.[10]

Мере го постигнал својот прв гол како професионалец на 2 февруари 2018 година.[11]

Меѓународна кариера

уреди

Мере ја претставувал Шпанија на сите возрасни групи, од под-15 и до 21 година .

Во мај 2016 година, 19-годишниот Мере бил првпат повикан за меѓународниот состав, за пријателски натпревар против Босна и Херцеговина .[12]

Статистика за кариера

уреди
Од 18 април 2019 година [13]
Клуб Сезона Лига Куп Континентално Друго Вкупно
Дивизија Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
Спортинг Б 2013-14 Сегунда Дивизија Б 19 0 - 19 0
2014-15 28 3 - 28 3
Вкупно 47 3 - 47 3
Спортинг Хихон 2014-15 Сегунда дивизион 5 0 0 0 - 5 0
2015-16 Ла Лига 25 0 1 0 - 26 0
2016-17 Ла Лига 31 0 1 0 - 32 0
Вкупно 61 0 2 0 0 0 0 0 63 0
1. ФК Кёлн 2017-18 Бундеслига 21 1 1 0 3 0 - 25 1
2018-19 2. Бундеслига 22 0 2 0 - 24 0
Вкупно 43 1 3 0 3 0 0 0 49 1
Вкупно во кариерата 151 4 5 0 3 0 0 0 159 4

Наводи

уреди
  1. „Julio y Meré, dos joyas en la zaga ante el Oviedo“ [Julio and Meré, two pearls in the defence against Oviedo] (шпански). Gol Average. 9 December 2013. Архивирано од изворникот на 2019-05-04. Посетено на 11 April 2015.
  2. „El Sporting 'ata' a Jorge Meré: la nueva perla de Mareo“ [Sporting 'tie up' Jorge Meré: the new pearl of Mareo] (шпански). El Desmarque. 24 July 2014. Посетено на 11 April 2015.
  3. „Report: Newcastle target move for Jorge Mere before window closes“. Here Is The City. 27 January 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-11. Посетено на 11 April 2015.
  4. „Ni Zaragoza ni Sporting abandonan sus malas rachas“ [Neither Zaragoza nor Sporting leave their poor runs]. Marca (шпански). 11 April 2015. Посетено на 11 April 2015.
  5. „El Rayo sabe contemporizar ante un valiente Sporting“ [Rayo know how to use time against a valiant Sporting]. Marca (шпански). 23 September 2015. Посетено на 27 September 2015.
  6. „Jorge Meré: "Estar aquí ya es un tremendo orgullo, debute o no" [Jorge Meré: "Being here is a tremendous pride already, debuting or not"] (шпански). Vavel. 26 May 2016. Посетено на 28 May 2016.
  7. "Meré llevará siempre al Sporting en su corazón", dice su padre al recoger el "Molinón de plata" ["Meré will always carry Sporting in his heart", says his father when he picks up the "Molinón de plata"] (шпански). La Nueva España. 30 July 2017. Посетено на 9 December 2018.
  8. „Köln schnappt sich Abwehr-Talent“ [Köln acquire defensive talent] (германски). Sport1. 20 July 2017. Посетено на 21 July 2017.
  9. „Meré, al Colonia por 9 millones“ [Meré, to Cologne for 9 million]. El Comercio (шпански). 20 July 2017. Архивирано од изворникот на 2017-07-23. Посетено на 21 July 2017.
  10. „Köln holt sich die nächste Schlappe ab und ist Letzter“ [Köln get another defeat and are last]. Rheinische Post (германски). 9 September 2017. Посетено на 9 September 2017.
  11. „Borussia Dortmund victorious in Cologne thanks debut brace from Michy Batshuayi“. Bundesliga. 3 February 2018. Посетено на 4 March 2018.
  12. „Jorge Meré vive su primer gran día con la selección“ [Jorge Meré lives his great first day with the national team]. La Nueva España (шпански). 24 May 2016. Посетено на 25 May 2016.
  13. „Jorge Meré“. Soccerway. Посетено на 20 May 2017.

Надворешни врски

уреди