Хорезмиски јазик
Хорезмискиот јазик (хорезмиски: زڨاک ای خوارزم;[2], исто така наречен хваразмиски, хорасмиски, хварезмиски) ― изумрен источноирански јазик[3][4][5][6] тесно поврзан со согдијанскиот. Јазикот бил зборуван во областа Хорезм (Хорасмија), средишна во долниот дел на Аму Дарја јужно од Аралското Езеро (северниот дел на современа Република Узбекистан и соседните области на Казахстан и Туркменистан).
Хорезмиски јазик | |
---|---|
Хоразмиски јазик زڨاک ای خوارزم | |
Застапен во | Хорезм |
Подрачје | Средна Азија |
Ера | 550 г.п.н.е. – 1200 г.н.е.[1] |
Јазично семејство | Индоевропски
|
Писмо | Арамејско писмо, согдијанска азбука, пахлавско писмо, арапско писмо |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | xco |
Linguist | xco |
Познавањето на хорезмискиот е ограничено на неговата средноиранска сцена и, како и кај согдијанскиот, малку се знае за неговиот антички облик. Од пишувањата на големите хорезмиски научници, Ал-Бируни и Замахшари, знаеме дека јазикот бил користен барем до 13-тиот век, кога постепено бил заменет со персискиот во најголем дел, како и неколку туркиски наречја.[7]
Освен астрономските поими кои се користат од страна на ал-Бируни, другите извори на хорезмискиот се арапско-персиско-хорезмискиот речник на Замахшари и неколку правни текстови кои користат хорезмиски поими и цитати за да се објасни на одредени правни концепти, особено во Кунјат ал-Мунија на Мухтар ал-Заиди ал-Газмини (ум. 1259/60).[7][8]
Истакнатиот изучител Валтер Бруно Хенинг подготвувал речник на хорезмиски кога починал, оставајќи го незавршен. Дел од овој речник бил објавен постхумно од Д. Н. Мекензи во 1971 година.[9]
Систем на пишување
уредиХорезмиски | |
---|---|
Правец на пишување | од десно кон лево, од горе надолу |
Сродни писма | |
ISO 15924 | |
Уникод | |
U+10FB0–U+10FDF |
Пред напредокот на исламот во Прекуоксијана (почетокот на 8 век), хорезмискиот бил напишан со писмо блиско до она на согдијанскиот и пахлавско писмо со корени во императорското арамејско писмо. Од неколкуте преживеани примери на ова писмо на монети и артефакти, забележано е дека напишаниот хорезмиски вклучува арамејски логограми или идеограми, тоа се арамејски зборови напишани за да ги претставуваат домородните изговори, на пр. 𐡔𐡍𐡕 (шнт) за سرذ, сард, „година“, 𐡍𐡐𐡔𐡉 (нпши) за خداك, ксудак, „себе“ и 𐡌𐡋𐡊𐡀 (млк) за اى شاه, и шах ,„кралот“.[10]
По напредокот на исламот, хорезмискиот бил пишуван со употреба на прилагодена верзија на персоарапската азбука со неколку дополнителни знаци за да се одразат специфичните хорезмиски звуци, како што е буквата څ што претставува /ts/ и /dz/, како во традиционалниот паштунски правопис.[11]
Уникод
уредиХварезмиското писмо било додадено на Уникод Стандард во март 2020 година со објавување на верзијата 13.0.
Уникод-блокот за хорезмискиот, наречен хоразмиски, е U + 10FB0 – U + 10FDF.Предлошка:Unicode chart Chorasmian
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Chorasmian“. Посетено на 13 мај 2021.
- ↑ Chwarezmischer Wortindex. стр. 686, 711.
- ↑ Encyclopedia Iranica, "The Chorasmian Language", D.N.Mackenzie. Пристапено на 13 мај 2021.
- ↑ Andrew Dalby, Dictionary of Languages: the definitive reference to more than 400 languages, Columbia University Press, 2004, стр. 278.
- ↑ MacKenzie, D. N. "Khwarazmian Language and Literature," in E. Yarshater ed. Cambridge History of Iran, том III, дел 2, Cambridge 1983, стр. 1244–1249.
- ↑ Encyclopædia Britannica, "Iranian languages" (Посетено на 13 мај 2021)
- ↑ 7,0 7,1 CHORASMIA iii. The Chorasmian Language
- ↑ MacKenzie, D. N. (1990). The Khwarezmian Element in the Qunyat Al-munya (англиски). Psychology Press. ISBN 9780728601611.
- ↑ Henning, Walter Bruno; MacKenzie, D. N. (1971). A fragment of a Khwarezmian dictionary (англиски). Lund Humphries. ISBN 9780853312925.
- ↑ Pandey, Anshuman. „Proposal to encode the Khwarezmian script in Unicode“ (PDF). Посетено на 13 мај 2021.
- ↑ THE KHWAREZMIAN GLOSSARY—I, D. N. MacKenzie Link