Идеограм
Идеограм или идеограф (од грчкиот збор ἰδεα идеја „идеја“ + γραφω грапхо „пишува“) — цртеж или слика што претставува поим, писмен знак во сликовното писмо[1]. Графичкиот симбол ја претставува идејата наместо група од букви кои прикажуваат гласови на говорниот јазик во азбучните писма. Примери на идеограми ги вклучуват знаците за ориентација, како оние на аеродромите и на други места каде се претпоставува дека луѓето не мораат да го познаваат јазикот, односно арапските броеви и математичките симболи, кои се користат ширум светот без разлика на јазикот.
Изразот „идеограм“ честопати се користи за да се опишат логографски писма како што се хиероглифите и кинеските знаци. Меѓутоа, логографските системи на симболи честопати означуваат поединечен збор или морфема отколку чисти поими.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- AIGA Symbol Signs Common US ideograms.
- American Heritage Dictionary definition
- Encyclopedia Britannica online entry Архивирано на 11 јуни 2008 г.
- Hobo Signs
- The Ideographic Myth Extract from DeFrancis' book.
- Merriam-Webster OnLine definition
- Ojibwa and Sioux pictographs