Хитлер од нашиот сокак

„Хитлер од нашиот сокак“ (српскохрватски: Хитлер из нашег сокака) — југословенски филм од 1975 година, во режија на Владимир Тадеј. Главните улоги ги играат: Никола Симиќ, Борис Дворник, Ружица Сокиќ, Александар Берчек и Мира Бањац.[1]

Дејство

уреди

За време на Втората светска војна, во едно банатско село се случува раслојување на населението по национална основа. Лекси е Германец, алкохоличар и неугледен селанец кој го дочекал времето да облече униформа и да парадира со пушката. Користејќи го законот според кој за секој убиен Германец ќе се стрелаат 50 селани, Лекси сее страв низ народот, правејќи се страшен и важен. Сепак, сопругата Аника го исмејува зашто не добил подобар имот како другите Германци. Селанецот Марко прави план како да селото да се ослободи од Лекси. Со помош на Аника, тој го наговара Лекси да пука во себеси за да биде неспособен за војување и така да ја избегне прекомандата на Источниот фронт, а селаните да му дадат обештетување.

Наводи

уреди