Хенри IV, Втор дел (англиски: Henry IV, Part 2) — историска драма на Вилијам Шекспир, најверојатно напишана помеѓу 1596 и 1599 година. Оваа претстава е третиот дел од Шекспировата тетралогија, која некои научници ја нарекуваат Хенријада: ѝ претходат драмите Ричард II и Хенри IV, прв дел ), а ја продолжува Хенри V. Хенри IV, Првиот дел ги следи настаните од победата на Хенри Перси над Шкотите во Хомилдон во Нортамберленд (крајот на 1402 година) и завршува со поразот на англиските бунтовници во Шрузбери во средината на 1403 година.[1] Оваа претстава често се смета за додаток или проширување на првиот дел од драмата, наместо директно продолжение на историската приказна, со акцент на многу популарниот лик на Фалстаф и воведување на други комични ликови како дел од неговата придружба, вклучително и Заставникот Пиштол (англиски: Ancient Pistol), Доли Секадаш (англ англиски: Doll Tearsheet), и судијата Плитковиќ (англи англиски: Robert Shallow). Неколку сцени се директна паралела со епизодите од првиот дел на драмата.

„Хенри IV“
Првата страница од Хенри IV, втор дел, од првото фолио издание (1623).
АвторВилијам Шекспир
ЛиковиХенри IV, Хенри V
Серија
ТематикаБунт против Хенри IV и израснувањето на Хенри V
Жанристориска драма
МестоАнглија и Франција, 1403-1413

Ликови

уреди

На страната на кралот

  • Кралот Хенри IV - крал на Англија.
  • Принцот Хал - најстариот син на Хенрија IV, подоцна крал Хенри V.
  • Принцот Џон од Ланкастер – син на кралот[б 1]
  • Војводата од Глостер – син на кралот
  • Војводата од Кларенса - син на кралот
  • Грофот од Ворик
  • Грофот од Сари
  • Грофот од Вестморланд
  • Харкорт
  • Сер Џон Блант

Бунтовници

  • Ричард Скруп, надбискуп од Јорк
  • Лорд Бардолф
  • Лорд Моубри - гроф Маршал
  • Сер Ралф Хејстингс[1]
  • Сер Џон Колвил
  • Хенри Перси, гроф од Нортамберленд
  • Леди Нортамберленд - негова сопруга
  • Леди Перси - вдовица на Хенри "Хотспур" Персија, син на Нортамберленд
  • Траверс – слуга на Нотрамберленд
  • Мортон - гласник

Двор

  • Лордот Врховен судија
  • Слуга
  • Говер - гласник
  • Црковник
  • Двајца коњушари

Истчип

  • Сер Џон Фалстаф
  • Пажот на Фалстаф
  • Стар Пиштол
  • Нед Поинс
  • Бардолф
  • Пето
  • Госпоѓа Квикли – домаќинка на гостилницата Вепрова глава
  • Дороти "Дол" Тиршит - проститутка[б 4]
  • Франсис – келнер во гостилницата
  • Вилијам - келнер во гостилницата

Регрути

  • Ралф Мувла
  • Симон Сенка
  • Том Брадавица
  • Френсис Немоќен
  • Питер Тел

Други ликови

  • Гласина
  • Епилог
  • Роберт Плиткиот - окружен судија
  • Тишина - окружен судија
  • Дејв – слуга на Плиткиот
  • Мрежа - наредник
  • Канџа - наредник
  • Гласници, музичари, војници, слуги, итн.

Содржина

уреди
 
Фалстаф со Доли Секадаш во таверната со глава на свиња, илустрација Чин 2, сцена 4. (Едвард фон Груцнер).

Драмата продолжува таму каде што застана Хенри IV, Првиот дел. Фокусот на драмата е патот на принцот Хал до кралската круна и неговото конечно отфрлање на Фалстаф. Сепак, за разлика од првиот дел, приказните на Хал и Фалстаф се речиси целосно одвоени, бидејќи двата лика се среќаваат само двапати и тоа многу кратко. Тонот на повеќето драми е елегичен, сосредоточен на староста и блиската смрт на Фалстаф, што е паралелно со состојбата на сè поболниот крал.

Фалстаф и понатаму пие и се занимава со ситен криминал во лондонското подземје. Прво се појавува тој, следен од нов лик, млад паж што му е доделен како шега од принцот Хал. Фалстаф испитува што рекол лекарот за анализата на неговата урина, а пажот најасно го известува дека урината е поздрава од пациентот. Фалстаф изговара еден од неговите најкарактеристични сстихови: „Јас не сум духовит сам по себе, но јас сум причина за духовитост кај другите луѓе.“ Фалстаф ветува дека ќе го облече пажот во партали. Потоа се жали на својата сиромаштија, обвинувајќи го за тоа „болниот паричник“ [б 1]. Тие заминуваат, додека Фалстаф ветува дека ќе си најде жена „во ѓувечот“ [б 2] (т.е. месните бордели).

Влегува лордот Врховен судија, барајќи го Фалстаф. Фалстаф на почетокот глуми глувост за да избегне да разговара со него, а кога таа тактика не успева, се прави дека не знае со кого разговара. Додека Врховниот судија се обидува да го испрашува Фалстаф за неодамнешниот грабеж, Фалстаф упорно го свртува разговорот кон болеста што го мачи кралот. Потоа се прави дека е многу помлад од Врховниот судија: „Вие што сте стари, не ги гледате способностите на нас младите“. Конечно, тој бара од главниот судија илјада фунти за да помогне во опремувањето на воената експедиција, но е одбиен.

 
Фалстаф бира регрути (1818).

Фалстаф е во врска со проститутката Доли Секадаш, која се кара со Заставникот Пистол, Фалстафов подофицер. Откако Фалстаф ќе го исфрли Пиштол, Доли го прашува за принцот. На Фалстаф му е непријатно кога Хал, преправен во музичар, ги слуша неговите погрдни зборови. Фалстаф се обидува да се извлече со брборење, но Хал не е убеден. Кога ќе пристигне вест за уште еден бунт, Фалстаф повторно се придружува на војската и оди на село за да собере сила. Таму се среќава со старата школска другарка, судијата Плитковиќ, и се присетуваат на нивните младешки авантури. Плитковиќ ги претставува потенцијалните регрути за лојалистичката војска: Буџаво, Теле, Нејако, Сенка и Брадавица, разновидна колекција на селски примитивци. Фалстаф и неговите луѓе примаат мито од двајцата, Молди и Калф, за да не бидат повикани.

Во втората приказна, Хал останува посетител на лондонското подземјето и се чини недостоен да биде идниот крал. Неговиот татко, кралот Хенри IV, повторно е разочаран од младиот принц поради тоа, и покрај уверувањата на дворјаните. Против Хенри IV бил подигнат уште еден бунт, но овојпат бил задушен, не со битка, туку од двојните политички махинации на братот на Хал, принцот Џон. На оваа вест, кралот Хенри се разболува и се чини дека умира. Хал, гледајќи го ова, верува дека сега е крал и излегува, носејќи ја круната. Кралот Хенри, будејќи се, е очаен, мислејќи дека Хал се грижи само да стане крал. Меѓутоа, Хал е искрено среќен што татко му е жив и го уверува во неговата љубов, а стариот крал потоа умира задоволен.

 
Фалстаф избркан, Роберт Смирке, околу 1795 година

Двете линии на раскажување се среќаваат во последната сцена, во која Фалстаф, дознавајќи од Пистол дека Хал сега е крал, пристигнува во Лондон очекувајќи големи награди. Но, Хал го отфрла пред целиот двор, тврдејќи дека сега се променил и повеќе не може да се дружи со такви луѓе. Лондонскиот џган, кои очекувал рај за крадците под Халова управа, наместо тоа, властите ги гонат и затвораат.[2]

Епилог

уреди

На крајот од драмата, Епилогот ѝ се заблагодарува на публиката и ветува дека приказната ќе продолжи во претстојната претстава „со Сер Џон во неа, а вие ќе бидете среќни со убавата Катерина од Франција, каде што, колку што знам, Фалстаф ќе умре од треска“. Всушност, Фалстаф не се појавува на сцената во следната претстава, Хенри V, иако се споменува неговата смрт. Веселите жени од Виндзор го имаат „Сер Џон во неа“, но епилогот секако не се однесува на таа драма, бидејќи овој пасус јасно ја опишува претстојната приказна за Хенри V и освојувањето на Катерина од Франција. Фалстаф „умира од треска“ во Хенри V, но во Лондон, на почетокот на претставата. Неговата смрт е зад сцената, опишана од друг лик, а тој никогаш не се појавува на сцената. Неговата улога на кукавички војник кој се грижи само за себе ја презема Ensign Pistol, неговиот фалбаџиски помошник во драмите Хенри IV, Втор дел и Веселите жени од Виндзор .

 
Издание од 1587 година на Хрониките на Холиншед.

Епилогот, исто така, ги уверува гледачите дека Фалстаф не се заснова на антикатоличкиот бунтовник сер Џон Олдкасл (англиски: John Oldcastle), затоа што „Олдкасл умре како маченик, а ова не е тој човек“. Фалстаф првично бил наречен Олдкасл, по главниот модел на Шекспир, претходната драма „Славната победа на Хенри V“ (англиски: The Famous Victories of Henry V). Шекспир бил принуден да го промени името по жалбите на потомците на Олдкасл. Иако современите критичари прифаќаат дека првичното име било Олдкасл во првиот дел, спорно е дали вториот дел првично го задржал името или секогаш бил „Фалстаф“. Според Рене Вајс, метричките анализи на пасуси од стиховите што го содржат името на Фалстаф се неубедливи во овој поглед.[3]

Историски извори

уреди

Главниот извор на Шекспир за Хенри IV, Дел II, како и за повеќето негови историски драми, беа Хрониките на Рафаел Холиншед; објавување на второто издание во 1587 година. ја дава главната историска рамка за претставата. Сојузот на две славни семејства на Ланкастер и Јорк на Едвард Хул, исто така, се чини дека бил консултиран во пишувањето, а научниците исто така претпоставуваат дека Шекспир бил запознаен со поемата на Семјуел Даниел за Граѓанските војни .[2]

Критика и анализа

уреди

Хенри IV, Втор дел генерално се смета за помалку успешна претстава од првиот дел од претставата . Нејзината структура, во која Фалстаф и Хал едвај се среќаваат, може да се критикува како недраматична. Некои критичари веруваат дека Шекспир никогаш немал намера да напише продолжение и дека бил попречен од недостигот на преостанат историски материјал, што резултирало со тоа што комичните сцени служат како само „пополнување“ во оваа претстава. Сепак, сцените во кои се вклучени Фалстаф и судијата Плитковиќ се ценети поради нивната потресна елегична комедија, а сцената на отфрлањето на Фалстаф може да биде исклучително моќна на сцената.

Критичарот Харолд Блум сугерираше дека двата дела на Хенри IV, заедно со елегијата на Дамата за Сер Џон во Хенри V, можеби се најголемото достигнување на Шекспир.[4]

Белешки

уреди
  1. Буквално - туберкулоза на паричникот (англиски: consumption of the purse)
  2. Буквално (англиски: in the stews)

Наводи

уреди
  1. Saccio
  2. 2,0 2,1 Humphreys, A. R., уред. (1981). King Henry IV, Part 2. The Arden Shakespeare, second series. Bloomsbury Publishing. стр. xxxiii–xxxiv. doi:10.5040/9781408160350.40000045. ISBN 978-1-9042-7106-2.
  3. René Weis (ed), Henry IV, Part 2, Oxford University Press, 1997, p.37.
  4. The Anatomy of Influence, 2011.

Надворешни врски

уреди