Проект „Гутенберг“


Проектот „Гутенберг“ (англиски: Project Gutenberg) е проект што го започнал Мајкл С. Харт во 1971 година, со цел сите книги кои се во јавна сопственост да ги префрли во електронски облик. Тоа го сторил со две цели:

  • на тој начин да бидат сочувани (бидејќи хартијата гние);
  • да бидат достапни преку Интернет секому што го интересираат.
Проект Гутенберг
Project Gutenberg
Лого
Основана1 декември 1971
(ставен прв документ)[1]
Фонд
ОбемНад 30.000 документи
Други информации
ДиректорМајкл С. Харт
Службена страницаwww.gutenberg.org

Денeс (септември 2009. година), достапни се близу 30 илјади наслови. На проектот работат многу волонтери и секој кој сака може да му се приклучи на проектот. За некој да учествува не мора да има ни книги, ни скенер, ни ОЦР софтвер, доволна е добра волја. Во 2000 г. Чарлс Франкс ги создал Projekt Gutenberg Distributed Proofreaders - страници со кои на проектот од можат да му помагаат интернет корисниците. Во пребарувањето (откако ќе се регистрирате), ќе се појави прозорец во кој горе се гледа скенирана слика на страницата, а долу препознаениот текст (можен layout исто така е сликата лево, а текстот десно за оние со поголеми резолуции). Кон крајот на 2004 г. проектот имаше околу 14.000 членови, а тие дневно „одработуваат“ просечно по 5.000 страници.

Од проектот месечно се преземаат по 2.000.000 книги.

Наводи

уреди
  1. Харт, Мајкл С. „Декларација за независност на Соединетите Држави“. Проект Гутенберг. Посетено на 17 февраури 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help) (англиски)

Надворешни врски

уреди