Дефекација
Дефекацијата е завршен чин од варењето на храната кога организмот ги исфрла во надворешната средина отпадните производи од варењето т.е. изметот[1]. Поимот дефекација доаѓа од грчкиот збор feces што значи измет и de што значи да се отстрани.
Кога ректумот е полн, доаѓа до зголемување на внатрешноректалниот притисок кој ги шири ѕидовите на аналниот канал, овозможувајќи им на отпадните материи да влезат во каналот. Со притисокот правото црево се извиткува и со т.н. перисталтичен бран ги турка овие материи надвор од правото црево. Мускулите на внатрешниот и надворешниот сфинктер го отвораат анусот и овозможуваат отпадните материи (фецесот) да бидат исфрлени надвор.
Во нормални услови дефекацијата се одвива врз принцип на два механизма:
- нагонско (рефлексно) празнење на цревата условено со работата на дебелото црево. Дебелото црево е резервоар за содржината, но тоа го контролира сфинктерот (мускул во облик на прстен) кој се отвора при празнењето на цревата и се затвора при завршувањето на празнењето
- отворањето и затворањето на прстенестиот мускул (сфинктер) го регулира празнењето на цревата, а при тоа постои и свесна контрола (преку мозокот), со која можеме да ја задржиме или одложиме дефекацијата, односно имаме јасно сознание за празнењето на цревата.
Зачестеноста на дефекацијата кај луѓето изнесува од 3 пати на ден до 3 пати седмично.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Defecation Encyclopædia Britannica (анг.)